1. Елементарно познавање на културната, уметничката, филозофската, духовната, политичката и материјална историја на човештвото, на неговите цивилизации посебно.
2. Добра информираност за состојбите и процесите во светот во сите области
3. Солидна упатеност во уметноста на филмот, стрипот, музиката, класична и модерна, поезијата и литературата.
4. Солидно познавање на историјата, културата, уметноста, економијата, социјалниот развој и политиката на Северна Македонија, со посебни упатености во актуелните состојби и процеси. Во нивната слоевитост и разновидност, втемеленост и перспективи.
5. Компаративен увид во новинарската продукција во светот, особено во регионот, со упатеност во методиката и стилистиката како и во вредносната ориентација на најистакнатите автори.
6. Техничко-технолошка и јазична писменост и поткованост.
Годишни интервјуа со илјада прашања и три есеја.
Задолжителни.
Кој ќе падне има право на поправен по шест месеци, ако и втор пат падне губи право да се појавува во јавниот простор како новинар во наредните пет години.
7. Распуштање на сите новинарски здруженија и асоцијации, органи и организации, утврдување на одговорност за катастрофата, лустрација на сите некадарници и залутани ебиветри и користољуби и ново конституирање на медиумската фела.
Бранко Тричковски
на Фејсбук