ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Дуото Арсовска-ДПМНЕ е симбол за корупција, Цветковски разочаран од Левица и непружањето поддршка, ќе се збогуваме со пластичните кеси

October 4, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

„Белата Палата“ во која ги пишуваат пресовите на Арсовска е симбол на корупцијата, криминалот и непотизмот во Скопје – уништувач на модерно Скопје, велат од СДСМ. Гоце Цветковски познат како Гоце „Вегета“, видно разочаран од Левица и неговото „замрзнување“ од нивна страна. Со Скопје Смарт Сити, Скопје станува град без шалтери, истакна Шилегов. Засега не се планираат нови рестриктивни мерки, а трета доза може да биде дадена секому, не само на граѓаните над 60 години, соопшти Филипче. Дали Русија ни се одмаздува со прогласувањето на дипломатот за „персона нон грата“?

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ЕКОНОМИЈА

Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок, велат од СДСМ. Дуото од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е симбол за корупција.

Бев во Левица ама ме замрзнаа… Бидејќи сум човек што не премолчува и не знае да не ја зборува вистина. Левица е конзорциум на седум луѓе меѓу кои еден е Апасиев. Иако јас би сакал да биде вистински претседател, Апасиев има само титула на претседател, рече Цветковски запрашан на која партија бил член.

Од 1 декември стапува во сила и забрана за еднократна употреба на пластични пакувања од угостителски објекти во заштитените подрачја, согласно новите закони за управување со отпад. Ова се дел од предвидените новини со неколку нови закони од областа на управување со отпад што ги презентираа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Шилегов на денешната прес-конференција ги презентираше главните придобивки од проектот паметен град – „Скопје Смарт сити“ на кој Град Скопје работеше заедно со Телеком во изминатите 6 месеци. Со Смарт сити, Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Со овој проект граѓаните ќе имаат можност да ги одредуваат приоритети, да гласаат за проекти и да избираат каде градот ќе вложува.

Како што соопшти МНР, одлуката на руското Министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот, кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ.

ПРАВДА

Заев очекува следните денови Министерството за внатрешни работи да го објави извештајот за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за јавноста да биде информирана и за да може како претседател на Владата да донесе одлука за понудените оставки на министерот и заменик-министерот за здравство.

ФРОНТ

Во екот на предизборната кампања, каде кандидатите од сите политички партии се борат за секоја секунда достапен јавен и медиумски простор и ја користат секоја прилика за соочување со противкандидатите и аргументирање на својата програма и понуда, имаме ситуација кога кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, ги откажува сите ТВ дебати со противкандидатите… пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.

ПАНДЕМИЈА И ЛАЖНИ ВЕСТИ

Ученици од сите основни и средни училишта, во периодот кој следува, за 7 до 10 дена ќе бидат тестирани по случаен избор, изјави на денешната прес коференција, министерот за здавство Венко Филипче.Заедно со МОН ќе бараме писмена дозвола од родителите.

Oсвен повозрасните категории на граѓани над 60 години, трета доза на вакцина да добијат и било кои други граѓани без разлика на возраста и без разлика на тоа дали имаат или немаат други хронични болести, а се во значаен ризик заради зголемените контакти поради видот на работата и работното место и се со зголемен ризик да заболат од вирусот Ковид 19, истакна Филипче.

Засега не планираме нови рестриктивни мерки поради тоа што сегашниот број на пациенти не ги оптоварува болниците, туку напротив тие се празнат и има се помалку хоспитализирани, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Вистиномер рецензира пост на Фејсбук во кој со наратив на конспирација од типот „сите против граѓаните”, при што се конструира лажна слика за пандемијата со коронавирусот. Најпрво, во постот пандемијата се нарекува „пландемија”, веќе познат и широко распространет термин кој го користат антивакциналните движења

ЗАНИМЛИВОСТИ

„Атлантерхавсвиен“, познат како Патот на Атлантскиот Океан, или поедноставно Патот Атлантик, поминува низ архипелаг од мали острови и скери во округот Маре и Ромсдал. Долг 8,3 километри, помеѓу Кристијансунд и Буд, патот го поврзува островот Аверој со копното благодарение на креативната употреба на мостовите.

 

1 of 5
- +

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Министерство за правда

Филков: СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството

May 14, 2025

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

May 14, 2025

Роналдо би можел да се врати во Спортинг Лисабон

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилно нестабилна Влада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk