Скопје сега е град на сите, за прв пат е град на сите. Сега веќе не можеме да зборуваме за нашето и вашето Скопје. Сега веќе зборуваме за политики кои го прават едно, единствено, наше Скопје!, рече актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на дебатна емисија на Тв Шења.
„Она што навистина мора да ви се признае, дури и најголемите противници тоа го признаваат, дека навистина сте работеле на избалансиран приод во подобрување на инфраструктурата. Колку што јас живеам во Скопје, толку инфраструктурни зафати во северниот дел на Скопје немало“, рече Селмани.
Шилегов посочи дека Бутел, Чаир, и Гази Баба, кои до неодамна беа периферни, заборавени, зафрлени општини, сега станаа центар на градот.