„Покажавме как осе работи со срце, душа и љубов за општините и со силна поддршка од централната власт. Во изминатите четири години реализирани се преку 7.000 проекти во општините.. Повторно ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда, а со поддршка на СДСМ ќе овозможите континуитет во развјот на општината и ќе дадете ветер во грб за развојот на државата“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гази Баба.
Тој кажа дека во изминатите четири години само во Гази Баба се реализирани преку 200 проекти и дека СДСМ понудата на овие локални избори ја темели на 5 столба кои се клучот за развој на секоја општина.
„Првиот столб е проектот ‘мој градоначалник’, кој ќе биде непосреден со граѓаните и со редовна и двострана комуникација, вториот е ‘хумана урбанизација’ односно градење со план и одговорно. Потоа следува посветеноста на зелената агенда, како врвен приоритет што градот Скопје во изминатите 4 години и покажа што значи да се преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Главен приоритет и четврт столб е и локалниот економски развој бидејќи подобриот живот во државата започнува од локално ниво. И најважни се инвестициите во инфраструктурата, која е основа и на економскиот развој и на зелената агеда“ кажа Спасовски.
Тој додаде дека СДСМ не ги дели општините на мали и големи, важни и неважни, бидејќи секој граѓанин и секоја општина се подеднакво важни.
Општината беше заборавена без водовод и канализација, сега сме сведоци на нова реалност
„Во Стајковци и Гази Баба најдобро може да ја согледате разликата. Гази Баба беше заборавена и отсечена општина, без водоводни и канализациони системи во населените места, а имавме и градоначачник на град Скопје од Гази Баба и градоначалник на Гази Баба кој дури ни во своето село не изгради канализација. Денес сме сведоци на нова реалност, а дури и самите тие признаваат дека требаше Борис Георгиевски да дојде и да им ги подобри условите за живот“ кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гази Баба.
Тој додаде дека граѓаните кои 30 години немаа канализација и водовод до своите места на живеење сами може да ја согледаат разликата.
„Се градат канализации, водоводи, патишта, градиме училишта, спортски сали, градиме се што е потреба на граѓаните“ кажа Спасовски.
Тој додаде дека со Борис Георгиевски, Гази Баба стана пример за тоа како се работи за интересот на граѓаните и како се реализираат проекти кога човек не се штеди за интересот на заедницата.