ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Царовска на конференција во Љубљана: Со брза реакција успеавме да обезбедиме континуитет на образованието и да започнеме реформи во услови на пандемија

October 6, 2021 10:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образовниот систем, исто како и здравствениот и социјалниот, треба да е отпорен на кризи и да продолжи да функционира и во услови на пандемија како што ја имаме сега, бидејќи тоа е од највисок интерес за секое дете, за секој граѓанин, но и за државата. Без квалитетно образование, здравство, социјална и детска заштита, дури и во услови на криза, не можеме да очекуваме раст и развој. Затоа, во овој сегмент од општеството вложувањата на секоја држава треба да се силни, но и навремени. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска која заедно со министри од регионот, учествува на конференцијата  „Ново размислување за економски раст“ во Љубљана, Словенија, организирана од меѓународниот Центар за извонредност во финансиите.

Дебатата од која треба да произлезат корисни решенија за унапредување на растот и развојот на државите, но и да се споделат искуствата на земјите во справувањето со предизвиците од кризата  со Ковид се спроведува во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетите на министерствата за проценка на фискалните импликации од структурните реформи“.

„Република Северна Македонија покажа во пракса дека со брза реакција на институциите може да се обезбеди континуитет во наставата дури кога тоа ни се чинеше невозможно. Сега, имаме образовен систем кој може веднаш да го менува моделот на настава во согласност со условите што ни ги диктира пандемијата, и на тој начин да одржуваме континуитет во наставата која е од исклучително значење за учениците. Но, што научивме од сето ова? Кризата ни покажа зошто е од витално да имаме одржлив резистентен образовен, здравствен и систем на социјална заштита. Да вложуваме во образовна инфраструктура, унапредување на наставниците, нови технологија, материјали за секое дете, дигитализацијата, ИТ опрема, како и еднаков пристап за секое дете и инклузивност за правичен систем“, рече Царовска.

Министерката посочи дека за првпат на ниво на целото општество постои препознавање и признавање дека образованието и наставниците се витални за државата.

„Вториот клучен сегмент на којшто не научи кризата, а ние со години го занемарувавме како незначаен се реформите. Образованието мора да се менува, затоа што сé околу нас се менува. Се запрашавме што и како учат децата? И веднаш пристапивме кон нови реформски процеси кои започнавме да ги имплементираме и покрај пандемијата, бидејќи потоа ќе биде доцна. Новите наставни програми се прилагодени на современите текови и за првпат се засноваат на национални стандарди за постигнување од учење. Се засноваат на медиумска писменост, критично мислење, решавање на проблеми, а наставниците ни се најважна алка во промените за што воведовме кариерен развој и раст на плати“, рече Царовска.

Министерката додаде дека и во средното образование промените се евидентни. И таму, концептот на дуално образование кој, како што рече, им е добро познат на учесниците на панел дискусијата, опфати поголем број училишта и ученици и со тоа им се овозможува да стекнуваат вештини кои ги прават добро подготвени за предизвиците на работните места чиј број се зголемува, а за кои кадарот е сé уште дефицитарен.

На настанот се обратија неколку актуелни министри кои раководат со областите на образованието, финансиите и економијата во земјите од регионот, експерти и претставници на Европската комисија.

Next Post

Радев: Северна Македонија да ја признае историската вистина, како што го направи тоа со Грција

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk