ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Фигаро“: Зошто Бугарија не сака Северна Македонија да се приклучи кон ЕУ

October 6, 2021 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе 16 години Северна Македонија трпеливо чека пред портите на ЕУ, иако нејзините лидери веруваа дека ја отстраниле најголемата пречка во 2018 година со потпишување на Договорот од Преспа за решавање на 30-годишниот спор околу името со Грција, наведува парискиот весник „Фигаро“, додавајќи дека сега Софија се повикува на историјата за да го оправда ветото на евроинтеграцискиот процес на земјава од страна.

Како што јави дописникот на МИА, весникот потсетува дека Преспанскиот договор предвидуваше земјава да се преименува во Северна Македонија, како „цена што ја плати малата земја со 2 милиони жители за влез во НАТО во март 2020 година и за конечно да го започне долгиот процес за влез во ЕУ“.

– Но, не се сметаше на Бугарија, која стави вето минатата година и во исто време го блокираше и процесот на пристапување на Албанија, наведува „Фигаро“, додавајќи дека Парламентот во Софија дури усвои и Резолуција за условување на евроинтеграцијата на земјава, поднесена од бугарската националистичка партија ВМРО, тогашна членка на владејачката коалиција.

Според оваа резолуција, додава парискиот весник, „македонскиот јазик, кодифициран во 1945 година, не може да се смета за посебен јазик, туку за бугарски дијалект“.

– Никој не го оспорува правото секој да ја дефинира својата нација и да го нарекува својот јазик како што сака. Но, не можеме да прифатиме дека ова право се заснова на омраза, кражба на историја и негирање на Бугарија, рече тогашната бугарска министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

„Фигаро“ наведува дека до 40-тите година на минатиот век, Северна Македонија во повеќе наврати беше управувана од Бугарија.

– Договорот за добрососедство беше потпишан во 2017 година и беше формирана заедничка комисија за да ја разгледа нивната „заедничка историја“. Но, тоа не помага. Двете земји продолжуваат да се борат за своите херои, редовно се грижат за третманот на нивните малцинства во другата земја и ја критикуваат содржината на историските книги, наведува весникот.

Анонимен европски дипломат за „Фигаро“ вели дека во овој случај „никој не целосно бел, ниту целосно црн“.

Весникот додава дека поранешниот специјален претставник на ЕУ во Северна Македонија, Ерван Фуере смета оти случајот е „многу сериозен“ и „исклучително штетен за Балканот, како и за цела Европа“. – Ако прифатиме дека проширувањето ги зема предвид прашањата поврзани со толкувањето на историјата и идентитетот, тогаш да не зборуваме повеќе за проширување, вели Фуере за „Фигаро“.

– Сега кога политичката ситуација во Бугарија е многу нејасна, некои сакаат да веруваат дека претседателските избори закажани за средината на ноември ќе помогнат да се деблокира процесот. Оваа среда (во Брдо кај Крањ), Европејците ќе се потсетат на потребата да се најдат и спроведат конечни решенија за билатералните проблеми на партнерите вкоренети во наследството од минатото, заклучува париски „Фигаро“.

Next Post

Заев со премиерката на Естонија Калис: Естонија е гласна во поддршката за Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk