ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Преглед на денот: За младите придонесите ќе ги плаќа државата, минимална плата од 300 евра од 1ви Јануари, Скопје станува град со најголема пешачка зона во Европа

October 6, 2021 21:06
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје станува Европски, Вело Град – презентирана најголемата пешачка зона во Европа,Парискиот весник „Фигаро“ наведува дека до 40-тите година на минатиот век, Северна Македонија во повеќе наврати беше управувана од Бугарија…за младите да бидат вработени ќе плаќа државата. Минималната плата 300 евра од 1ви Јануари, просечната 500 евра. Ова што денес го презентирам многумина рекоа дека е неверојатно и не може да се реализира. Целосно ќе се ревидираат работните места со бенефициран стаж, конечно се решава децениски проблем.

 

ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес одржа презентација на тунелите со кои се спојува булеварот Македонија (Јужен булевар) со бул. Кочо Рацин и поминуваат под објектот на Лимак.

За нас како социјалдемократска партија, еден од врвните приоритети е заштитата на достоинството на работниците. За таа цел, минималната плата ја покачивме од 9.000 на 15.200 денари.

Недвосмислена поддршка за нивната перспектива, но и предупредување за ригоризните услови, кои треба да ги исполнат на тој пат ќе добијат земјите од Западен Балкан од нивните партнери, членките на Европската Унија, според она што го содржи нацрт-декларацијата, за кој изминатиот период имаше тврдења дека предизвикала несогласувања меѓу земјите-членки.

Денеска се уверивме дека градежните работи на детската градинка при ЈОУДГ „8ми Март“ се завршени и наскоро, откако ќе ги мине пропишаните контроли и надзори ќе ги прими и првите деца, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, при увидот на објектот во скопската населба Драчево.

Треба да ја одржиме првата меѓувладина конференција што е можно поскоро. Северна Македонија и нејзините граѓани заслужуваат да напредуваат на патот кон ЕУ“, напиша на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

По повод Светскиот ден на лицата со церебрална парализа денеска Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет „Мобилност-Македонија“ организираше работна средба на која присуствуваа Спасе Додевски, советник на претседателот на Владата и претседавач со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на Обединетите нации, за правата на лицата со попреченост и  советникот на премиерот, за труд и социјална политика Милан Живковиќ.

На маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев оствари билатерална средба со премиерката на Естонија Каја Калис.

РКЕ е работи согласно законот и единствно по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постапките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Државната изборна комисија ја започна кампањата „Ти си на ред! Излези, гласај!“, во рамките на претстојните Локални избори 2021. Главните пораки на овогодинешната кампања се насочени кон едукација на гласачите за нивните гласачки права.

Душко Весковски, кандидатот за градоначалник на Карпош од СДСМ според најновата анкета на Рејтинг, е со најголема доверба меѓу граѓаните.

На половина од кампањата за локалните избори, СДСМ вчера го промовираше планот според кој од 1 јануари 2022 година државата ќе ги покрие придонесите за секој млад до 29 години кој ќе се вработи за прв пат, додека од друга страна ВМРО-ДПМНЕ најави дека ден по изборите ќе почне преговори за формирање ново парламентарно мнозинство во Собранието.

Данела Арсовска бесрамно лаже дека велосипедистите во Скопје не можат да се движат по велосипедските патеки и дека се тие попречени. Малиот број велосипедски патеки беа попречени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје, а за време на СДСМ велосипедските патеки се ослободени од автомобили.

КУЛТУРА

Никогаш не е многу од мостови на Балканот, вели македонскиот режисер Милчо Манчевски во интервју за еден од најстарите и најчитани италијански весници, „Кориере дела сера“. Манчевски е специјален гостин во Рим на Балканскиот филмски фестивал, кој вечерва се отвора со неговиот филм „Врба“.

 

В.К

Next Post

Весковски: Утре ќе биде потпишан договор за изградба на С.Ц. Партизан во Карпош 4, препреките се надминати

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk