ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Радев: Софија бара јасни правни гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски од Договорот за добрососедство

October 6, 2021 13:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ е континуиран приоритет на бугарската надворешна политика и поддршката на Софија за тоа е конзистентна, но се базира на клучните принципи на индивидуални достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ во Словенија.

– Имав важни средби и со лидерите на европските институции, како и трилатерална средба со канцеларката Ангела Меркел, претседателот Емануел Макрон на која присуствуваше и премиерот на земјата-кандидат за членство во ЕУ, Република Северна Македонија, Зоран Заев, рече Радев.

Тој посочи дека темата на разговорите била изнаоѓање начин за надминување на препреките пред започнувањето на преговорите за членство на Република Северна Македонија, тема која, како што рече, „е од исклучителна важност за регионот, за македонските Бугари и за местото и улогата на Бугарија во ЕУ“.

– Северна Македонија не може да помине катарза. Нашите позиции се јасни, се додека нашите сонародници подлежат на суптилна асимилација, со текот на годините се потиснувани и нивните основни права и не се интегрирани целосно во Северна Македонија ние не можеме да кажеме „да“ за почеток на преговори, изјави Радев.

Во пресрет на пленарната сесија на Самитот ЕУ-Западен Балкан, претседателот Радев ја повика Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, потпишан пред четири години. Тој ја истакна потребата од јасни законски гаранции дека Скопје ќе ги исполни своите обврски пред Софија да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

– Повеќе од три години по стапувањето во сила на билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, не е преземена вистинска акција од македонска страна, рече тој, додавајќи дека работат на подобро објаснување на позицијата на Бугарија на европските партнери.

Радев ги повика своите претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев да покажат „неопходна волја за надминување на проблемите во билатералните односи“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев рече дека потиснувањето на правата на Бугарите во Северна Македонија е предизвик и на ЕУ, затоа што тие „се државјани на Бугарија и државјани и на Унијата“ и повика на „европска солидарност и со нив и со Бугарија“.

– Тоа не е ниту вето, ниту стопирање на процесот, ние повеќе од тоа не бараме, да се почитуваат основните европски принципи и интересите на секоја држава членка на ЕУ, рече Радев, додавајќи дека, според него, оти треба „да се искорени јазикот на омразата, толкувањето за Бугарија од учебниците, спомениците, од државната политика, и тогаш ќе бидат подготвени да кажат „да““.

Радев рече дека Бугарите во земјава треба да бидат вброени и во пописот на населението во Северна Македонија.

– Бугарија бара како што беше призната историската вистина во односите на Северна Македонија со Грција, така да биде призната и историската вистина во односите со Бугарија. Очекуваме билатералниот протокол од 6 точки да биде готов до почетокот на ноември. Во протоколот има решенија кои треба да се исполнуваат во целиот преговарачки процес. Мене ме интересираат обврзувачките работи што треба да бидат завршени до почетокот на преговорите, за да кажеме „да“, додаде бугарскиот претседател Радев.

извор: МИА

Next Post

Владата продолжува со процесите за спроведување проекти за обезбедување квалитетни социјални услуги и грижа за сите категории граѓани

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk