ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Најмногу активни ковид случаи во Скопје, Куманово и Тетово

October 7, 2021 07:55
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 193.458, од кои во моментов активни се 10.819, откако вчера беа регистирани 406 нови случаи од вкупно направени 3.149 тестирања.

Најголем број активни случаи има во Скопје и тоа 5.217, а потоа следуваат Куманово со 961 и Тетово со 836. По четири активни случаи има во Демир Капија и Пехчево, а само еден во Дојран.

Од почетокот на епидемијата бројот на оздравени пациенти е 175.881, а на починати 6.758.

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.

Надлежните аплираат граѓаните да ја искористат можноста и да се вакцинираат. Околу 75 отсто наставници во училиштата се вакцинирани, а настава на далечина следат околу два процента од учениците, соопшти вчера Министерството за образование и наука.

Со одлука на Владата училиштата одржуваат онлајн-настава за оние ученици за кои родителите ќе го побараат тоа од медицински и од немедицински причини. МОН очекува дека со континуираната имунизација ќе се обезбеди дополнителна сигурност и услови за продолжување на наставата со физичко присуство.

Од понеделник треба да почне и најавениот скрининг на околу 8.200 ученици во основните и средните училишта со цел да се добие податок дали има трансмисија на вирусот во училиштата. Тестирањето за присуство на Ковид-19 со земање брис ќе биде по случаен избор на учениците од регистарот на Е-дневник и со согласност на нивните родители.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е планирано  скринингот да трае пет дена и дневно по околу 1.600 деца да бидат тестирани во самите училишта од мобилни екипи.

Од ресорното Министерство информираат дека вакцинацијата се одвива непречено. Заклучно со 5 октомври, вкупно се вакцинирани 792.174 граѓани, ревакцинирани се 740.822, а трета доза примиле 499 граѓани.

 

Ревакцинирани се 53 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 44 отсто од граѓаните над 18 години.

Низ земјава почна вакцинација и со трета доза. За почеток трета доза ќе примат здравствените работници, кои пред повеќе од шест месеци се ревакцинирани, а претстои вакцинација и на населението.

Во Албанија, пак, почетокот на новата академска 2021/2022 година е одложен за 18 октомври поради малиот процент вакцинирани студенти, што е услов за влез во универзитетите. За таа цел следната недела ќе биде „Недела за масовна вакцинација на студентите“.

 

Шведска нема да ја користи вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 за луѓе родени во 1991 година и порано, по извештаите за можни ретки несакани ефекти, како што е миокардитис, објави вчера шведскиот Институт за јавно здравје.

Институтот соопшти дека податоците укажуваат на поголема инциденца на миокардитис (воспаление на срцевиот мускул) и перикардитис (воспаление на слузницата на срцето) кај младите луѓе кои биле вакцинирани.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Русија вчера првпат надминаа 900 за еден ден и изнесува 929. Ова е четврти рекорд на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Русија овој месец. Последниот рекорд беше регистриран кога починаа 895 луѓе. Здравствените власти вчера пријавија и 25.133 нови случаи на инфекција со коронавирус. Зголемувањето на бројот на заразени почна кон крајот на минатиот месец.

Повеќе од 3,1 милиони луѓе се заразени со коронавирус ширум светот во изминатата недела, а повеќе од 54.000 починаа. Според Светската здравствена организација, бројот на нови инфекции се намалил за девет отсто за седум дена, а смртните случаи за четири отсто. За седум дена, регистрирани се 3.118.410 заразени и 54.221 смртни случаи./ МИА/.
Next Post

ЕК го притиска Ѓукановиќ за „Пандорините документи“, за него тоа е уште една исконструирана афера

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk