ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Во ДИК се полнат уредите за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места

October 7, 2021 15:37
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека денеска се стигнати уште 600 уреди за биометриска идентификација на гласачите, а утре ќе дојде и последниот камион со уште 1.000. Во моментов во ДИК се полнат сите уреди за биометриска идентификација на гласачите со податоците од избирачките места. Секој апарат ќе има податоци од тоа избирачко место и таму се тие луѓе што треба да гласаат.

-Ќе биде офлајн, а не онлајн. Апаратот работи на струја, внатре има вградено литиумски батерии кои траат по 12 часа, но може да се полнат. Ако снема струја, продолжува гласањето со батерии, кога ќе дојде повторно се вклучува во струја. Нема никаков проблем ни со интернет бидејќи уредите се офлајн, не се поврзани со интернет и ќе се одвива гласањето, изјави Даштевски, одговарајќи на новинарско прашање по симулацијата на постапката на гласање и презентација на уредите. Додаде дека уредите кои првпат ќе бидат применети на претстојните локални избори, ќе бидат наполнети до крајот на викендот, доверливиот материјал обично се носи во четврток, а тие ќе се носат во петок, пред изборите.

Даштевски објасни како ќе се одвива гласањето и дека ќе има тројна проверка. Прво ќе се гласа со отпечаток на прст. Ако се случи да не го препознае, што се поретки случаи, тогаш ќе се извади лична карта или пасошот кој прво се покажува, па се става во МРЗ-скенерот, кој е долу под апаратот се става документот за идентифиакција и го препозанава, па излегуваат податоците што се во избирачкиот список, фотографија, име и презиме, адреса, матичен број на лицето гласач. И третиот начин е ако не го најде по лична карта, тогаш се впишува матичниот број и повторно излегуваат истите податоци за да му се озвоможи на секој гласач да гласа.

Во случај ако се потрошени резервите, ако нема струја, ако е некоја рурална средина, тогаш ќе има класично гласање со УВ-ламба и спреј. Во тој случај, како што појасни, во избирачкиот список ќе има место каде се колектира оптпечатокот на прст на графитно перниче. Се остава отпечатокот на избирачкиот списиок на хартија и потоа се проверува во ДИК дали се работи за тоа лице.

Даштевски рече дека можноста да се расипат апаратите е до 5 отсто, а ние имаме купено резерви од 15 отсто и додаде дека ваква можност ќе биде ретка или можеби нема да се појави.

-Вкупниот број на уреди е 4.000, а имаме 3.480 избирачки места што значи 520 апарти ќе бидат вишок и ќе бидат распоредени по потреба, изјави Даштевски. Додаде дека во Скопје и во поголемите градови каде има повеќе избирачки места, ќе бидат оставени повеќе, а во помалите општини ќе се остави по еден за да има доволно секаде.

Компанијата што ни помага, како што рече, ќе направи список каде се најпотребни, каде треба повеќе, а каде помалку. Даштевски информира дека досега се обезбедени 60 луѓе за обука на техничкиот дел во врска со уредите, а ги обучуваат претседателите на избирачите одбори, нивните заменици и уште едно лице. Доколку не се во можност да останат на терен, одредуваат лице кое ќе ја врши работата во нивно отсуство. Има 70 луѓе обезебедно кои работа во смени и викенди и треба да обезбедат 80 луѓе кои на денот на изборите треба да има помгаат на нашите луѓе, доколку дојде до некој проблем да се реши.

извор: МИА

Next Post
Васе Витанов, ИНТЕГРА. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Зошто очекувате граѓаните да гласаат за вас? Па, не знам ни јас и јас се прашувам

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk