ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦУК: Постои можност од поплави, најголем дел од каналите исчистени

October 8, 2021 15:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Врнежите во последните неколку дена генерално имаат позитивно влијание и придонесуват за подобрување на хидролошката состојба во земјава и за земјоделските посеви. Центарот за управување со кризи (ЦУК) препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов на денешната прес – конференција информира дека вчера имале координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции и ја разгледале состојбата со одводните канали.

-Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи, рече Ангелов. Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.

Тој апелираше и до АД Водостопанство на Република Северна Македонија и до локалните самоуправи да бидат разгледани сите критични точки, да бидат исчистени, доколку е потребно на некои места да се постават насипи или да се обезбеди можност од брзо местење насипи доколку се појави потреба.  Апелираше граѓаните да пријават до ЦУК, на бесплатниот телефонски број 195 ако проценат дека некаде постои опасност од поплави или можност од излевање на речните корита.

Ангелов предупреди дека постои можност од поплави, кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки и суводолици. Додаде затоа да бидеме солидарни и превентивно да влијаеме

Одговарајќи на новинарско прашање, директорот на ЦУК рече дека имаат детална листа со места кои се критични, а општините ги имаат овие податоци. Тоа се сливот на реката Вардар, а најчесто има излевање на водата кај селата Јегуновце, Раотинце и Туденце, сливот на Треска, сливот на Црна Река, сливот на реката Струмица, конкретно Струмичко Поле е подложно на поплави при зголемување на водостојот на реките Струмица, Радовишка, Оравичка, Смилјанска, Плеваја и водотеците од планината Беласица…

Додаде дека во овој момент состојбата е стабилна, каналите се солидно исчистени, но потребно е да се продолжи со целосно дочистување на каналите.

Next Post

Пријава за полициски службеник поради „малтретирање во вршење на служба“

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk