На централното шеталиште во Стар Дојран во сабота, 27 јуни, со почеток во 10 часот, ќе се одржи настанот „BorderBite“, посветен на промоција на локалните производители и поврзување на граѓаните и здруженијата од пограничниот регион.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со производите на малите и семејни производствени капацитети, локалните ракотворби и органското производство.
Во рамките на настанот е предвидена и културно-уметничка програма, со која организаторите сакаат да ги претстават традициите и посебностите на заедниците од двете страни на границата.
Целта на „BorderBite“ е преку директно запознавање и вмрежување да се создадат нови можности за соработка меѓу производителите, граѓанските организации и локалното население.
Организаторите посочуваат дека Дојран, како погранично место, претставува природна точка за поврзување на различните култури, локални иницијативи и економски интереси.
Настанот ќе се реализира со поддршка од Американското катче Штип и „PopUp Corner“.






