ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Интервентното производство на струја за компаниите ќе почне во декември

October 8, 2021 18:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интервентното производство на електрична енергија најбрзо што може да почне е во текот на декември месец, а компаниите во текот на ноември ќе треба да го издржат ценовниот шок на електричната енергија.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, по средбата во Стопанската комора на РСЕ, рече дека согласно планот за 2021-2022 година, количините на јаглен од сопствено производство 100 процентно ќе го задоволат производството на електрична енергија за универзалниот снабдувач ЕВН Хоум што ги покрива домаќинствата и дека објавиле меѓународен повик за набавка на јаглен за производство на дополнителни количини енергија, кои ќе бидат понудени до стопанските субјекти по берзански цени.

–  Со ова сакаме да помогнеме на стопанството да имаат пониска цена на електричната енергија, да го задржат производството или цените кои ги имаат кон нивните договорни органи. Притоа и државата да излезе во пресрет на стопанските субјекти, но и компанијата да оствари дополнителен профит, изјави Ковачевски.

Најави, дека ќе се поттикнат и домашните компании да се вклучат во процесот на набавка и продажба на јаглен и енергија, што ќе значи стабилност на електроенергетскиот систем во државата.

– Во текот на ноември треба да почне првата испорака на количини, а планот за производство на дополнителна електрична енергија е да почне во декември, јануари, февруари, март и до средината на април следната година, кога завршува грејната сезона 2021-2022 година, изјави Ковачевски.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, посочи дека според податоците со кои располагаат, осум снабдувачи на електрична енергија ги прекршиле договорите.

Пресметките за предизвиканата штета се уште е рано да се зборува, бидејќи согласно концептот за организирање на пазарот за баланс на енергија по 45 дена од завршување на месецот се изготвуваат првичните фактури, а по шест месеци се прави конечна фактура. Најголемите удири беа во месец август, така да првите фактури кои што ќе ги издава МЕПСО се очекува да бидат во втората половина на октомври и тогаш ќе се знае поконкретно, изјави Бислимовски.

Тој, најави гарантен фонд, што ќе биде внесен во Законот за енергетика, со цел да се избегнат вакви состојби и во иднина.

Потпретседателот на Стопанска комора Антони Пешев, посочи дека тоа што особено ги загрижило во Комората е дека еден дел од добавувачите на електрична енергија во директните договор со компаниите почнале да ги откажуваат договорите без сериозна причина за тоа и во ситуации кога договорите се на шест месеци или година дена.

–  Од нас во Комората беше сигнализирано дека ни смета тоа што во пазарот на продажба на електрична енергија се појавуваат играчи кои не се на нивното на преземените обврски. Имаат потпишано договори, се повлекуваат. Дури и не сме сигурни дали не се обидуваат да извадат екстра профит со оглед на тоа дека ако им биле набавени количините на електрична енергија, тогаш сега на овој начин со прекинувањето на договорите и побарување на повисоки цени, бараат да си го зголемат профитот, посочи Пешев.

За нас, нагласи Пешев, беше важно да отвориме дијалог со претставниците на производителите и РКЕ за да можеме да имаме отворена комуникација, бидејќи, како што рече, овој процес ќе трае во наредните месеци.

извор: МИА
Next Post

Караванот на ДИК-Ти си на ред! Излези, гласај! ги посети Тетово, Струга, Охрид, Битола и Прилеп

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk