ЦУК препорачува внимателно движење покрај суводолици и реки и за да не дојде до појава на поплави ги предупредува надлежните институции и граѓаните да бидат внимателни. Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени.
ВМРО-ДПМНЕ трошеше стотици милиони евра за „барокно Скопје“, а не на инфраструктурни проекти. ВМРО-ДПМНЕ не градеше подземни сообраќајници и булевари, зашто приоритет им беше „Панорамското тркало“ и „Панорамската кула на Водно“, се вели во соопштението од скопската градска организација на СДСМ.
Според статистиката за изминативе два месеци, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.
Сашо Орданоски во најновата колумна со наслов „Е, па, добро, ќе се гушкаме со Србите, Албанците и Грците!“, вели – Не ми е за друго, ѝ го расипаа Бугарите среќното и долговечно заминување на Меркел во политичка пензија.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска до Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и уште шест лица за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер.
Во 2020 година скопјанка остварила најголем годишен доход по сите основи од годишната даночна пријава, највисока плата имал стружанец, тетовец имал најголем доход од игри на среќа, скопјанец најголема пензија, а најмладиот и најстариот милионер со доход остварен од закупнина се на возраст од седум и 96 години, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи (УЈП).
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана, под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, а на кој се дискутираше за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан.
Извртување на факти и полуинформации од страна на Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кои дезинформираат дека во Романија паднала владата како последица на пожар во ковид болница.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција го претстави проектот за новиот забавен парк во Скопје, чијашто изградба беше одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид 19 вирусот.
В.К