ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Шилегов: Скопје го добива најдобриот забавен парк во регионот

October 8, 2021 12:22
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција го претстави проектот за новиот забавен парк во Скопје, чијашто изградба беше одложена со консензуална одлука на Советот на Град Скопје на почетокот на светската пандемија на Ковид 19 вирусот.

– Во Април 2020-та, сите советници во Советот на Град Скопје, консензуално донесоа одлука да ја одложат изградбата на Луна Парк и парите на даночните обврзници да бидат пренаменети за некои други кризни, пандемски проекти и трошоци. Тоа е еден од ретките примери кога советниците во градот успевале да донесат правилна и издржана одлука, необременета со популизам и печалење на политички поени, изјави градоначалникот Шилегов.

– Денес, година ипол по оваа одлука и со пандемија на којашто и се наѕира крајот, сметам дека е време да го вратиме забавниот парк на агендата на градот и да започнеме со градба кон крајот на оваа година. За забавниот парк Градот има обезбедено проект, обезбеден буџет, соодветен план за јавни набавки и обезбедена локација за градба, додаде тој.

– Скопје треба да стане регионален туристички центар. Стотици туристи секој викенд со автобуси доаѓаат од соседни држави за да ги посетат нашите детски атракции како Скопската Зоолошка или Дино Паркот. Дино паркот е единствен во регионот, а зоолошката една од подобрите во него. Со забавниот парк Скопје станува дополнително попривлечен за семејниот туризам, со оглед на тоа што ваков забавен парк нема во радиус од 300 км од Скопје, нагласи Шилегов.

– Забавниот парк ќе се наоѓа на истото место како стариот Луна Парк на парцела со иста големина и со ист број на дрвја, зашто проектот е таков да ниедно не треба да се пресече. Предвидени се 27 реквизити, односно содржини, за три различни возрасти на деца. Детски дел, семеен и екстремен. Адреналинските содржини од екстремниот дел за најголемите деца ќе можат да бидат користени и од повозрасните. Како на пример ролеркостерот кој ќе биде најголемиот на Балканот, а ќе можат да го користат и возрасните, продолжува Шилегов.

– Паркот ќе може да прими до 3000 посетители секој ден, или преку милион посетители годишно. Ќе биде изграден според сите стандарди за квалитет и безбедност. Покрај реквизитите, предвидени се и ресторани, сувенирници, тоалети, други продавници и придружни содржини за што попријатен престој на посетителите, додаде Шилегов.

– Би сакал да нагласам дека идејното решение е од Франко Бараѕони кој има проектирано преку 50 светски забавни паркови во светот, потенцираше Шилегов.

Во однос на рокот за изведба градоначалникот Шилегов најави дека тендерот се распишува после изборите, а паркот треба да биде готов летото 2023 година, односно за 18 месеци.

– Креираме нови работни места, ја помагаме локалната економија. Проектот е целосно самоодржлив, за реализација на овој проект се бара изведувач кој ќе го финансира и нема да има буџетски импликации на град Скопје. Се очекува паркот да се исплати сам за три години, а потоа градот ќе заработува и ќе вложува во нови проекти. Создаваме одржлива градска организација, нагласи Шилегов

– Скопјани добиваат најдобар парк во регионот за нула денари, Скопјани го добиваат најдоброто. Скопје е град за сите. Инвестираме и во благосостојбата на возрасните, и во онаа на младите, а сега ви ги претставувам нашите инвестиции за нашите најмили – децата. Јас не ветувам брзи и лесни проекти, туку стратешки проекти кои го решаваат Скопје за следните 50 години, порача градоначалникот Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post
Фотомонтажа: РИБАРО

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно го злоупотребува пожарот во Тетово за политички цели, конструира случаи и измислици, во обид за политичко профитерство

Shortcut

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

May 31, 2026
Илустрација Фронтлајн

Експериментален лек го удвојува преживувањето кај пациентите со рак на панкреасот

May 31, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај: Очекуваме цената на дизел горивото да се намали за 6,5 денари

May 31, 2026

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн

    Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk