ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Претседателот Пендаровски со сопругата присуствуваа на концерт на млади музичари од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“

October 9, 2021 10:04
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на одбележувањето на Јубилејот – 30 години независна македонска држава, вчеравечер претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на концертот насловен „Музичка вечност“ на кој настапија млади музичари од Музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски – Луј“ од Скопје.

Концертот, како што соопштија од Кабинетот на претседателот, е  дел од низата културни настани „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ преку кои се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост.

На концертот настапија младите музичари: Виктор Рафајловски, Горјан Стојановски, Ана Смилевска, Светле Васкова, Марио Иванчов, квартетот во состав: Симеон Гошев, Маријана Лазаревиќ, Виктор Манев и Антонио Илиоски, фолклорниот квинтет: Мартина Трајковска, Сандра Димитриевска, Влатко Ѓорѓиев, Стефан Трајковски и Мартина Муневски, како и детскиот хор  „Пиколо“ под диригетентската палка на Весна Димчевска, а пијано соработник  на концертот беше м-р Билјана Петровска.

Младите музичари се претставија со дела на реномираните македонски композитори Зографски, Прокопиев и Шуплевски, како и со дела на светски познатите композитори Моцарт, Шопен, Пјацола, Коломеец и др. Фолклорниот квинтет се претстави со две изворни фолклорни нумери од Разлошкиот и пределот на Скопска Црна Гора.

извор; МИА
Next Post

СДСМ: Грижата за здрава животна средина е врвен приоритет на СДСМ – Зелената агенда 4 години е на сила, тоа е најдоброто

EVN

НАЈНОВО

Тимоти Редмонд и Даглас Маринер со 30 млади европски музичари на 17 февруари во Македонската филхармонија

February 13, 2026

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

February 13, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

February 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Снимено излетувањето на Трамвајот во Сараево каде загина едно лице, а има и повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Поранешниот шеф на MI6: Русија изгубила околу 30.000 војници само во еден месец во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk