ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува 80 годишниот јубилеј – Денот на народното востание – 11 Октомври

October 10, 2021 09:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава.

Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Северна Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот.

На овој дел од програмата по повод 8 децении од Денот на народното востание свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народно-ослободителната антифашистичка војна од 1941-1945, д-р Никола Стојановски, и градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

Празничната програма потоа ќе продолжи со настапот на воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија и ќе заврши со традиционалниот импровизиран напад на градот како реминисценција на настаните од 11 октомври 1941 година.

Свеченостите по повод 11 Октомври – Денот на народното востание и во чест на 80 годишнината од овој настан, продолжуваат утре исто така во Прилеп, во 09:00 часот, кога делегации на државниот врв, на општествено-политичките организации, на Армијата, на борците, на дипломатскиот кор и на гостите од странство, ќе положат венци свежо цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифовски Питу, и на спомен обележјата во Алејата на народните херои, пред споменикот „Жена борец“ и на Могилата на непобедените.

На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп Круме Соколоски.

Во Скопје, чествувањето на празникот 11 Октомври –  Ден на народното востание и на јубилејот 80 години од овој настан ќе започне во меморијалниот комплекс „Партизански гробишта“ во Бутел во 09:30 часот.

На свеченостите во Скопје свои обраќања ќе имаат потпретседателката на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 Елена Ј. Грујовска, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија Горан Мисовски.

Во градот херој Куманово, пред спомен костурницата во градот, венци свежо цвеќе ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Илхан Рахман.

Next Post

Се намалува бројот на активни и починати лица од коронавирусот, Бугарија од денеска ги повлекува рестрикциите за државјаните на Северна Македонија

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk