ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шилегов: Во скопската зоолошка градина ќе се прави аквариум по светски стандарди

October 10, 2021 13:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопската зоолошка градина е гордоста на Скопје – една од најпозитивните скопски приказни во последните 4 години. Станува збор за најпосетената институција во државата, а во последните години омилено место на сите скопјани. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги претстави новите инвестиции во скопската зоолошка градина во претстојниот период.

– Во следниот мандат планираме две големи инвестиции тука. Со цел пред сè за поголема благосостојба на животните, но и нови современи живеалишта по светски стандарди, во Зоо Скопје правиме савана-простор од околу 20 000 м 2 , каде што зебри, ноеви, антилопи и други африкански животни ќе живеат заедно, налик на саваните во Африка. Идејата е животните да имаат што поприроден и поголем простор за живеење, ограден од посетителите со водена бариера, изјави градоначалникот Шилегов.

– И втората инвестиција на која сум особено горд е скопскиот аквариум. Скопскиот аквариум ќе биде прв во државата, по теркот на аквариумите во големите европски метрополи. Аквариумот ќе биде на два ката-првиот кат со морски свет, а вториот кат со терариум и палудариум, додаде Шилегов.

– Скопје Аквариум пред сè ќе биде едукативен центар, каде што посетителите ќе може одблизу да се запознаат со морскиот свет, тропски видови и видови кои доаѓаат од дождовните шуми кои тематски ќе бидат поделени во неколку зони, а чии услови за живот ќе бидат најблиску до природните, потенцираше Шилегов.

– Последно и не помалку важно за едукацијата на децата е што во МКЦ целосно ќе го реконструираме планетариумот. Популарното место кое изградено уште во 70-тите ќе добие нов лик, најави Шилегов.

– Скопје станува регионална туристичка атракција со сите нови содржини кои ги воведуваме. Дино паркот привлечува туристи од регионот, Зоолошката градина е најпосетена институција во земјата и заедно со забавниот парк кој ќе биде најмодерен на Балканот Скопје ќе го развива туризмот, но и ќе овозможи ја скопјани забава и едукација до европски терк, нагласи Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Next Post

МЗ: За два дена аплицирани 4.418 вакцини, 38 отсто од популацијата вакцинирана

Shortcut

Најново

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk