Уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула во чест на 11 Октомври – 80 години од денот кога започна борбата против фашизмот во Македонија, го претстави проектот „Дигитални портрети на 66 Народни херои на Југославија од Македонија“.
Тој истакнува дека на новиот проект работел два и пол месеци и со тоа сака да оддаде почит кон народните херои и кон сите учесници на НОБ.
„11 октомври 1941 – 80 години од денот кога започна борбата против фашизмот па во таа чест Ви го претсавувам мојот нов проект (кој речиси 2 и пол месеци го работев) „Дигитални портрети на 66 Народни херои на Југославија од Македонија“. Со ова сакам да им одадам почит не само на нив туку и на сите учесници во НОБ за нивната борба за слобода. Слава им и никогаш да не се заборави нивната жртва.
Смрт на фашизмот, Слобода на народот!“, стои во објавата од уметникот Зоран Кардула.
Како основа, Кардула ги користел, како што нагласува, одличните цртежи на академскиот сликар Иван Велков (1930 – 2008).
Сите дигитални портрети на 66 Народни херои на Југославија од Македонија, ТУКА.
Ј. Ѓ.