ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Слаткар ќе гласа за Цанде, Димитров по бугарската блокада- навистина е тешко на некој начин да продолжите да ги нарекувате пријатели

October 11, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Популарниот македонски рапер Слаткар откри за кого ќе гласа во Аеродром: Цанде го знам цел живот, тој е локал-патриот, не само сега, отсекогаш е така. Поранешната бугарска шефица на дипломатијата и амбасадорка Надежда Неински смета едка Скопје треба да се придржува до Договорот за добрососедство, Димитров вели „не е пријателски да се доведува во прашање јазикот на соседот“, решението со Бугарија мора да биде европско.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

Заев: Народот и Крушево не забораваат на злоделата од режимот, на 17-ти ќе заокружат 12, ќе го потврдат Најдоброто.

11 години во времето на режимот, Крушево беше заборавена општина, а неговите потреби беа игнорирани, сега гледаме инвестиции, реализација на проекти важни за граѓаните, порача вчера вечер од Крушево, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

(ВИДЕО) Слаткар откри за кого ќе гласа во Аеродром: Цанде го знам цел живот, сите маалски ликови ќе гласаат за него. Па јас сум маалски човек и ќе гласам за Цанде зашто го знам цел живот. Овде е од мал и е баш онаков како што викаме „локал патриот“. Цел живот, не е од сега. Мислам дека сите маалски ликови ќе гласаат за него, вели популарниот рапер Слаткар.

 

Герaсимовски: Подземните гаражи кај Дом на градежници ќе ги оспособиме за паркирање. Граѓаните овде не може да паркираат поради малото растојание на столбовите. Ние ќе ги исчистиме и ставиме во функција овие гаражи со што ќе добиеме повеќе места за паркирање за резидентните станари“, изјави Герасимовски.
ПОЛИТИКА

Димитров: Не е пријателски да се доведува во прашање јазикот на соседот, решението со Бугарија мора да биде европско. Формиравме Комисија на историчари за  да разговара за оние делови од нашата историја кои што се заеднички и кои ги поврзуваат двата народи, двете земји, посочи Димитров, но додаде дека Бугарија го прави тешко пријателството.

Darik Radio

Бугарска екс-министерка Неински: Софија е конзистентна во поддршката за Северна Македонија, но Скопје мора да се придржува кон Договорот. Во РСМ има говор на омраза, има пречки за бугарски инвестиции, има проблеми со работата на заедничката историска комисија, изјавила Надежда Неински.

ЧЕСТВУВАЊЕ 11 ОКТОМВРИ

Заев: Имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Премиерот нагласи дека нашите борци од народно-ослободителната војна и сите претходни генерации, што ги вградиле своите дела и животи во слободата, ни ја дале државата како дом за сите, како дом на слободата.

Џафери: Лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат. Оваа година е посебно значајна, затоа што одбележуваме јубилејни 80 години од денот кога борците на антифашистичката генерација се исправија решително и несебично во борба за слобода и достоинство, истакна денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

11 Октомври е вредно наследство кое го добивме од учесниците во Народноослободителната борба, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Wikipedia

Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври.

ПАНДЕМИЈА

Досега 782 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 9 октомври вкупно се вакцинирани 795.186 граѓани, а ревакцинирани се 748.563.

Најмногу активни случаи во Скопје, неделава се очекува да почне тестирањето на 8.200 ученици. Досега во училиштата се вакцинирани околу 75 отсто од наставниците, додека настава на далечина следат околу два проценти од учениците, според податоците на Министерството за образование и наука.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk