ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Срамен инцидент на Левица во Прилеп, си фрли самата на себе „анатема“

Со запалени цигари и мобилни телефони пиуни инструирани од Апасиев без трунка почит кон државниот празник 11 Октомври

October 11, 2021 19:28
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Активисти од Левица без трунка почит кон државниот празник 11 Октомври, со намера да предизвикаат   инцидент пред спомен меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“ во Прилеп, кога владината а и другите делегации, здруженија и граѓани положуваа цвеќе во чест на загинатите, на одбележувањето на 80-годишнината од Денот на востанието.

Единаесете пиуни инструирани од Апасиев од кои некои засрамени и со наведнати глави за да не им се видат ликовите, се обидоа да ја сквернават борбата на народните херои и прилепските борци во НОБ, за време на оддавањето почит и чест на хероите, само за да привлечат внимание кон сопствената партија.

Со црни маици, со рацете во џебови, со запалени цигари, со мобилни телефони пред спомен обележјето од загинатите во НОВ, гревовите од Апасиев кои се претставуваат како Левица, направија гнасен упад во одбележувањето на празникот и се обидоа да предизвикаат инцидент.

Добро забележа Трајаноски:

„Партизаните не носеле црни кошули, тие се бореле против „црнокошуљашите“ – паравоени формации на фашистите на Мусолини кои се изживувале врз сите неистомисленици, најмногу врз социјалистите. Тие што одбрале црни кошули и маици како нивни симболи, немаат никаква врска ниту со антифашизмот, ниту со социјализмот – освен со варијантата позната како национал социјализам“.

Тие да имаа малку сенс, ќе се повлечеа кога оддаваше почит делегацијата од Сојузот на борците. Не отстапија ни кога положуваа цвеќе и роднини и поколенија од загинатите 650 прилепчани.

Членови на Сојузот на борци, положуваат цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп, позади нив попречуваат активисти од Левица. Фото: скриншот.

Левица си фрли самата на себе анатема во Прилеп, срам и арам да им е велат прилепчани, за единаесетмината непрокопсаници.

Овој празник за прилепчани без разлика на партиска определба има посебно значење и традиција. Никогаш до сега достоинството на политичките чинители, па колку и да било тоа партиски антагонистично не дозволувало да се провне макар и мало сквернавење на овој ден кога се слави антифашистичкото востание во Македонија.

Прилепчани нема никогаш да им го заборават овој гнасен чин на Апасиев и неговите пиуни.

Срам да им е!


Текстот е личен став на авторот.  

 

Next Post

Компанијата „Мерк“ поднесе барање за одобрување на првата таблета против ковид

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk