ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Герила избори

October 12, 2021 16:08
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Настанот на могилата на непобедените во Прилеп беше медицинска акција. Таму не постоеше ништо од таканаречена герила акција. Само недоквакана будала може да се изглупира на таков начин и на тоа место. Апасиеви продолжуваат да се просераваат на јавна сцена за на истите подоцна дркајќи на социјалните мрежи да доживуваат пубертетски оргазми со: “Виде ли што му направивме на предавникот?“ “Браво дечко, алаФ ти вера!“, и слично. Штетата за државата е во тоа што, за жал, се’ уште постојат вакви истресоци. Се’ уште нормалноста во Македонија ќе ги мириса нивните срања. Процесот на елиминирање на ваквите изроди, односно нивно изолирање од јавноста, ќе потрае. Тука се, такви се, неизлечиви се. За жал, терапијата која власта ја користи во справување со ваквите појави не е соодветна. Овие не се елиминираат со пенкало и на демкратски начин. Останува да се надеваме дека во следниот период власта ќе ја разбере оваа грешка и ќе ја смени терапијата. Ќе видиме…

Иначе, во изборниве пораки и пароли на дпмнеовските кандидати, не станува збор за предизборна непринципиелност, демек напаѓај за да победиш, ветувања брда и долини, и прашања кон актуелните градоначалници на СДСМ, за тоа што ветиле и што не направиле. Во прашање е тежок облик на заслепеност кај нив, и дрска партијска ама намерна неписменост, понављачка едуцираност до мерка на ајнштајновата теорија за бесконечноста на чевечката глупавост.

Ветуваат ѕвезди и галаксии, напаѓаат за се’ што не е реализирано и остварено од актуелните, намерно исклучувајќи од мемориите еден многу битен момент. Отстрануваат една значајна коцкичка од мозаиците на владеењето со општините пред овие градоначалници. Да се разбереме, таа бесконечна глупавост ги надминува границите кои ги поставил Ајнштајн, затоа што овие нивни кандидати, инкубаторски индоктринирани апаратчици, не само што не паметат, туку намерно избегнуваат да се соочат со сите реалности и со единствената вистина, со идејата дека од нив се’ почнува, дека, нема везе тоа што пред овие мандати на сегашниве, нивните имаа дупло повеќе простор и време, многу поголеми буџети и централна подршка, апсолутна слобода во пљачка и грабеж на општинските буџети, некои од нив и три мандати, за да го реализираат сето ова што сега го поставуваат како прашања за нереализирано. Да се најежиш малку е. За “узми уби па ме пушку“ нема време, ама од таа баруштина крекаат со штанцани идиотизми…

Да претпоставиме дека ве стегнал мевот на нов терен, и панично барате тоалет. Ви покажуваат каде е. Влегувате и внатре затекнувате ситуација бљак. Извалкани подови и ѕидови, размачкани вц школки, скршени капаци, скинати учкури од клозетски казанчиња, корне од загушувачка смрдеа. Што ќе направите во тој момент, ако знаете дека во овој тоалет ќе треба да се празните следните четири години? Се разбира дека прво ќе ги исчистите, ќе ги измиете, повеќе пати ќе пуштите вода во стилот на Чорба “Пусти воду нек говна оду“, за да ја извриште вашата нужда. И нуждата на сите други ангажирани…

Се’ што оставија испосраа. Такви ги оставија сите општини на сегашниве градоначалници. До гуша зацапани во гомна. Покрај тоа, сите општини беа наследени со огромни долгови, без пари а со обврски. Сето тоа нивните го правеа со умисла. Никој од нивните во тие повеќегодишни мандати не се дрзнуваше да зачисти нешто зад себе, барем да може тој и неговите блиски да се “празнат“ комотно. Не. Чиниш намерно запустуваа и загадуваа се’ за да им одземат време на наследниците на тие позиции. Петре Шилегов требаше во исто време да руши и да гради, Вељо од Бутел требаше да чисти, да руши да гради и да плаќа долгови, Борче од Гази Баба, исто, требаше ем да чисти, ем да гради ем да расчистува брда долгови. Александар од Ѓорче, се соочи со истите говнарии од претходните апаши. За сега, замислете, нивните кандидати да обвинуваат за ветено а не реализирано…

Например, кик боксерот, кандидат на ДПМНЕ за градоначалник на Бутел, не се праша зошто Латиновски прво направи грандиозен објект за себе, кога и градинките и амбулантата во Бутел се распаѓаа? Покрај тоа, прво него треба да го праша за дозвола, дали ќе има право да го реализира неговото лажно ветување дека таа зграда, која неговиот партијски претходник си ја изградил за себе и за неговите партијски пулен(к)и, ќе ја претвори во амбуланта. И да не ја ширам, сите кои не разбираат дека после децениското ајдуштво, апашлук, распашаност, аздис, дрчност на ДПМНЕ во централната и локалната власт, може да се средат  во еден мандат, односно наредат сите коцки во ред и поредок, не прави ништо друго освен што здушно лаже и клевети. За расчистување на нивните срања потребни се повеќе мандати и на централно и на локално ниво. Со евентуално враќање на нивните кандидати на овие позиции, засушените вморонски гомна ќе ги разбуричкаме. Тогаш ќе ја почувствуваме најгадната смрдеа…

Се надевам дека здравото ткиво во државата ќе знае каде да го стави крукчето на 17 октомври, всушност, убеден сум дека мнозинството тоа нема да го направат на листите од коалицијата на ДПМНЕ и Левица, особено што на овие избори навистина имаат голем избор. Првата значајна победа врз македонското зло ДПМНЕ и оноа брадестото во најава, се токму овие локални избори, да, “Герила избори“. Мора да бидат поразени…

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бочварски: Го поттикнавме економскиот развој во Делчево, дополнително инвестираме 30 милиони денари за реконструкција на локалните улици

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk