ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Го поттикнавме економскиот развој во Делчево, дополнително инвестираме 30 милиони денари за реконструкција на локалните улици

October 12, 2021 16:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со поддршка на Владата Делчево стана модерен град каде се подобрени условите за живеење на граѓаните. Во овој момент ставен е фокус на рехабилитација на локалните улици и патишта во општината за што преку Министерството за транспорт и врски се инвестираат 30 милиони денари, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната работна посета на општина Делчево.

Министерот Бочварски и градоначалникот Трајковски извршија увид во реконструкцијата на неколку улици во градот.

„Денеска извршивме увид во реконструкција на улицата Орце Николов. Ова е една од улиците во градот со чија реконструкција ќе се подобрат условите за живеење на граѓаните. И не е случај само со оваа улица. И на улицата Скопска и на улицата Острец, со реконструкција на локалниот пат до Тработивиште, па и останатите улици и други проекти што ги работи општината. Заедно со поддршка на централната власт и во соработка со општината остануваме уште попосветени во подобрување на условите на живеење во Делчево како погранична општина.“ – изјави министерот за транспорт и врски Бочварски.

Министерот потенцираше дека сите регионални патни правци во Делчево се завршени со што се поттикна економскиот развој на општината.

„Општината доби неповратни 790 илјади евра со кои реконструираме дел од локалните улици во Делчево. Денес сме тука на увид во градежните активности на улица Орце Николов, на која имаме засилено работно темпо и очекувам во најбрз рок таа да биде спремна за користење од жителите. По завршување на оваа улица продолжуваме со реконструкција на улицата Острец. Во овој момент се реконструира и патот кон населеното место Тработивиште, со што вкупно се реконструираат 6 километри локални улици.“– истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

На општина Делчево и се распределени средства во висина од 5 милиони денари преку ТАВ програмата за реконструкција на основното училиште Ванчо Прке.

 

Next Post

Денес се регистрирани 130 новозаразени

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk