ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: „Проект 72“ – платформа за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа (ВИДЕО)

October 12, 2021 15:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески, за поефикасна комуникација на граѓаните со органите на локалната власт, ја претстави платформата за решавање на граѓанските проблеми за 72 часа „Проект 72“. Сугарески ги најави и проектите: „Службеник за тебе“ и „Социјална мобилност“.

– Еден од клучните проекти во мојата програма кога е во прашање непосредната комуникација на граѓаните со општината и нејзините служби, е „Проект 72“. Со овој проект го подигнуваме на повисоко ниво функционирањето на Општината, кога е во прашање нејзината ефикасност во постапувањето по барањата на граѓаните, вели во видео обраќањето Сугарески..

Тој нагласува дека станува збор за дигитална апликација која ќе се состои од платформа, раководена од еден административен оддел во општината кој ќе врши распределба на бараните услуги до градоначалникот, советниците и општинската администрација.

„Самата апликација ќе содржи услуги кои ќе овозможат контакт на релацијата градоначалник- граѓанин, советник- граѓанин, како и надградување на постојната апликација „Пријави проблем“со дополнителна алатка „Моето маало, моето село“. Со тоа се обезбедува подобар квалитет и контрола на општинските услуги кон граѓаните, што би резултирало со решавање на проблемите и барањата на граѓаните на нов модерен и едноставен начин, преку евиденција на барањето кое ќе се базира само на технички податоци и факти“, вели Сугарески.

Сите услуги понудени на оваа платформа се решаваат за период од 72 часа, потенцира Сугарески.

Со цел олеснување на комуникација и ставање на општинските служби поблиску до граѓаните, го воведуваме и проектот „Службеник за тебе“, издвои Сугарески.

„Тоа подразбира секојдневно присуство на вработени во општината и јавните претпријатија на терен, меѓу граѓаните во урбаните заедници. Така, на самото место, во директна комуникација се бележат и во рок од 72 часа се процесираат проблемите, барањата и идеите на граѓаните.“, рече Сугарески.

Кандидатот за градоначалник Сугарески најави и имплементација на проектот „Социјална мобилност“, односно ангажирање на службени лица кои помагаат во набавка и достава на намирници и лекови на стари и изнемоштени лица до нивните домови

Тој нагласува дека негова лична заложба е, како градоначалник на сите граѓани, заедно со избраните членови на општинскиот Совет, да бидат достапни и ефикасни во решавањето на проблемите и потребите на локалната заедница.

Ј. Ѓ.

 

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Герила избори

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk