ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Солун отворени глобалните центри на Фајзер за дигитална иновација и за деловни операции и услуги

October 12, 2021 19:15
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и претседателот и извршен директор на Фајзер Алберт Бурла, денеска во Солун,  свечено, на дигитален начин ги отворија двата глобални центри на Фајзер, едниот за дигитална иновација, а другиот за деловни операции и услуги, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкиот премиер инвестицијата за период од десет години, ќе надмине 600 милиони евра, ќе отвори околу 700 работни места, а вработените ќе бидат од различни професии, не само научници, туку и експерти за информатичка технологија, сметководство, управување со човечки ресурси, набавки итн.

-Солун станува престолнина на екстровертноста, на новото размислување, на новите пазари. Заедно со Солун, се менува лицето и на цела Грција, станува седиште на големи странски инвестиции. Веќе се ориентира кон екстровертност, технологија, извоз. Ова значи зголемено јавно богатство, повеќе вработувања, поголем социјален просперитет, бидејќи стратешките чекори преземени во иновацијата оставаат целосен отпечаток што ги надминува непосредните работни места што се создаваат, истакна Мицотакис.

Претседателот и извршен директор на Фајзер Алберт Бурла кој воедно е од Солун, изрази особено задоволство за инвестицијата и за нејзината важност за градот, потсетувајќи на зборовите на амеркианскиот амбасадор во Грција Џефри Пајат.

-Пред неколку дена, амбасадорот Пјат истакна дека угледот на Солун драстично се менува, бидејќи постојано и меѓународно се воспоставува како седиште на големите американски компании за технологија и иновации и глобален центар за деловно работење. Многу сум среќен што гледам дека овие инвестициски потези на Фајзер се целосно усогласени со приоритетите на земјата и целокупната стратегија, истакна Бурла.

По отворањето, заедно со Мицотакис го посетија објектот во источниот дел на Солун што се наоѓа на површина од над 9.000 метри квадратни, а работи по моделот на центрите што веќе постојат во Мадрид, Париз и Њујорк.

Центарот за дигитална иновација (ЦДИ) развива иновативни дигитални и технолошки решенија кои промовираат откривање на иновативни лекови и вакцини, додека пак Центарот за деловни операции и услуги е централна глобална платформа на Фајзер за  финансиски услуги, услуги за корпоративна трансформација, човечки ресурси и услуги за набавки.

извор: МИА
Next Post

Филиповски во Ново Лисиче: Ќе изградиме градинка и 20 км вело патеки

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk