ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брегу: Да почнеме со процесот на создавање на дигитален идентитет по примерот на ЕУ

October 13, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никогаш нема да можеже да ги достигнеме ЕУ стандардите, освен ако не почнеме со спроведување на актуелните европски регулативи и политики во регионот на Западен Балкан, порача генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, на последниот ден од четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, што се одржува во Подгорица.

Затоа, нагласи Брегу, ги повикувам сите влади од регионот да преземат обврска за спроведување на европскиот дигитален идентитет што ЕУ го претстави пред само неколку месеци.

– Да почнеме со процесот на создавање на дигитален идентитет, со цел да им овозможиме на граѓаните од регионот дигитални паричници со кои ќе можат да ги поврзат својот дигитален идентитет со други лични атрибути, како што се возачка дозвола, банкарска сметка и друго, рече Брегу.

РСС, нагласи Брегу, е подготвен да ги поддржи регионалните напори за обезбедување на доверлив и безбеден дигитален идентитет.

Западен Балкан, рече Брегу, има повеќе од десет милиони активни корисници на Фејсбук и неодамнешниот шестчасовен прекин на услугите покажа колку сите зависиме од дигиталните технологии, за добро и за лошо.

– Од 1 јули годинава стапи во сила Договорот за роаминг во Западен Балкан, што е придобивка за сите граѓани. На Самитот во Брдо најавивме патоказ за намалување на цените на роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан до 2027 година. Нема разумна пазарна логика зошто граѓаните од Западен Балкан треба да плаќаат во просек 103 евра за еден гигабајт интернет во роаминг во ЕУ, додека трошокот на телеком операторите е осум евра, истакна Брегу.

За остварување на ова, нагласи Брегу, е потребен отворен, транспарентен и  инклузивен процес со операторите, преку структуиран и регулиран дијалог.

– Дигиталната агенда на Западен Балкан што Регионалниот совет за соработка ја поддржува, содржи повеќе регионални акции преку заедничкиот регионален пазар, како што е неодамна промовираната коалиција за дигитални вештини и работи на Западен Балкан, подготовка на регионот за 5Г, широкопојасен интернет за 95 проценти од домаќинствата во следните три години, работа кон побрзи, поефикасни и поевтини прекугранични трансакции, слободен проток на податоци, што е петтата слобода на заедничкиот пазар и многу повеќе, изјави Брегу.

РСС, рече Брегу, ја подржува зелената агенда и е подготвена да работи со владите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор да работиме на исполнување на предизвиците.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, преку видео порака, порача дека има патоказ за поддршка на дигиталната трансформација на Западен Балкан.

– Можете да сметате на мојата поддршка на вашите напори за креирање на нова дигитална област усогласена со европскиот заеднички пазар, изјави Вархеји.

Успешното намалување на роамингот во регионот на Западен Балкан, посочи Вархеји, има симболична порака дека заедно можеме и сега е неопходно да се продолжи со работа за намалување на цените на роамингот меѓу ЕУ и ЗБ.

–  За остварување на оваа цел заеднички изработивме патоказ за намалување на тарифите. Ги повикувам сите оператори да се приклучат на спроведувањето на процесот, изјави Вархеји.

Економскиот и инвестициски план, нагласи Вархеји, ги отсликуваат нашите заеднички приоритети и обезбедуваат значителна финансиска поддршка.

– Дигиталната инфраструктура е една од клучните области. Одобривме 13 грантови за поддршка на инфраструктурата за широкопојасен интернет, основање дата центри усогласени со ЕУ регулативите, вклучително заштита на податоците. Откако подготвителните работи ќе бидат завршени, инвестициите преку ЕУ поддршката ќе одат до 500 милиони евра, истакна Вархеји.

За креирањето на добро функционален пазар, посочи Вархеји, не се доволни само инвестициите, неопходна е и реформа на регулативата.

-Затоа е подеднакво важно имплементирањето на заедничкиот регионален пазар, на што се обврзаа лидерите од Западен Балкан, минатата година, истакна Вархеји.

Дигиталниот самит на Западен Балкан се одржува како дел од Берлинскиот процес и Програмата за заеднички регионален пазар за Западен Балкан. Првиот Дигитален самит на Западен Балкан се одржа во април 2018 година во Скопје, вториот во 2019 година во Белград, а третиот минатата година во Тирана. 

извор: МИА

Next Post

Исчекор во пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ уште за словенечкото претседателство, очекуваат Пендаровски и Сантош Силва

Shortcut

Најново

Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026
Мика Бојстер (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Мика Бојстер (DJV) за ЦИВИЛ МЕДИА: Русија настојува да ги изолира и заплаши новинарите – МОРА ДА ОСТАНЕМЕ ОБЕДИНЕТИ

August 3, 2026
Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk