Дарко Костовски, кандидатот за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добил пресуда да плати казна од 400 евра за нарушување на јавниот ред и мир, пренесува Слободен печат.
Тој во 2016-тата година во спортска сала во одморалиштето „Радости“ во Охрид физички нападнал прилепчанец, кој пак се здобил со телесни повреди од ударите и шлаканиците.
Тепачката започнала бидејќи Костовски се обратил со зборовите „Ајде да се тепаш со мене“, по што физички го нападнал прилепчанецот и го отстранил од салата. Сепак, кандидатот за градоначалник, а тогашен советник во Министерството за труд и социјална политика, одговарал единствено за нарушување на јавниот ред и мир по Законот за прекршоци.
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати за градоначалници на партијата со сомнително минато.
Според информациите кандидатот за градоначалник на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски во 2002 година бил фатен и затворан поради производство и продажба на 630 грама марихуана. Тој бил правосилно осуден со одлука на Апелација и лежел казна затвор од 3 месеци, пренесуваат од Слободен печат.
Во 1994 година, сегашниот кандидат за градоначалник во општина Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Ладо Глигороски е осуден на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци по Член 43, извести Револуционер.мк.
Во тој период Глигороски работел во полициското оделение во с. Богомила, а казната затвор му е изречена поради користење на прекумерна сила врз лице кое што било лишено од слобода по што лицето им подлегнало на повредите.
Глигороски дел од казната ја лежел во затвор, а остатокот го поминал во психијатриска установа поради психичко растројство.
Како што пишува Слободен печат, веројатно тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, криминалци да ги запоседнат општините и да продолжат со сила и репресија да ги полнат сопствените и партиските буџети на грбот на граѓаните. Ова покажува дека Христијан Мицкоски не само што не се дистанцира од криминалното милје на довчерашниот лидер Груевски, туку напротив свесно нуди нова иднина со осудени криминалци за кандидати за градоначалници.