Со денеска потпишаниот меморандум за соработка со неформалната група на граѓани „Прилеп на точак“, се обврзуваме заедно да го промовираме велосипедот како превозно средство со кое го подобруваме нашето здравје и ја штитиме животната средина. Градиме нова велосипедска инфраструктура за Прилеп – Вело град, објави денеска кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески.
„Она што наиде на големо задоволство кај членовите на „Прилеп на точак“, е дека повеќето од точките кои ги содржи меморандумот се веќе опфатени во мојата изборна програма,во која предвидуваме изградба на повеќе нови велосипедски траси низ градот.
Продолжува велосипедската патека по булеварот „Гоце Делчев“ до новата автобуска станица.
Трасираме велосипедска патека низ населбата Точила, по улицата „Мице Козар“, према Касарните и до ИКТ центарот.
Изградба на велосипетска и пешачка патека до Вештачко езеро, со цел безбедно стигнување до новоизградениот спортско-рекреативен центар.
Ќе трасираме велосипедски патеки и по улицата „Александар Македонски“, а со реконструкцијата на улицата „Леце Котески“, која е влез од Крушево, предидуваме нова велосипедска патека.
Заедно со велосипедистите рекреативци од Прилеп ќе работиме на подобрување на велосипедската инфраструктура во градот и на нови велосипедски решенија при идното планирањето на просторот.“, наведува во објавата Сугарески.