ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бектеши на Самитот за Западен Балкан на “Економист“: Издвоивме 1,2 милјарди евра за борба со пандемијата, ја пребродивме кризата според најоптимистичкото сценарио

October 14, 2021 17:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата на Северна Македонија уште на почетокот на избивањето на Пандемијата пред скоро две години посветено работеше на креирање на интервентни мерки за поддршка на економијата и на граѓаните со цел за максимално намалување на негативните последици од економската криза која што ја зафати целиот свет.Подготвивме мерки во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра или околу 11% од БДП. Овие мерки придонесоа да бидеме една од земјите со најмал пад на нивото на БДП, некаде околу 4,5% на крајот на 2020 година. А доколку не ги спроведевме овие мерки, според нашите проекции БДП би бил за 8,7% понизок во однос на 2019 година, што значи дека марките кои ги донесовме го постигнаа посакуваниот резултат и со тоа ние како Влада постигнавме значаен успех, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на вториот Самит за Западен Балкан насловен „Промовирање на европската инклузивност и солидарност“ во организација на лондонскиот “Економист“.

Министерот Бектеши говореше на панелот насловен „Фокусирање на економијата“ каде што се осврна на мерките кои што ги превзема Владата за опоравување на економијата но и зголемување на регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан.

Бектеши кажа дека последните статистички податоци за раст на БДП, намалување на невработеноста и зголемување на платите и индустриското производство од почетокот на годината покажуваат дека нашата земја пополека на економски план ја пребродува економската криза предизвикана од пандемијата според најоптимистичното сценарио.

“Но, покрај интервентните мерки кои што ги донесовме, Пандемијата не натера да забрзаме многу други процеси кои е многу важно да се случат во нашата економија. Тоа е пред се зголемувањето на економската соработка со земјите во регионот, подобрување на условите за поголем прилив на странски инвеститиори, како и зголемување на инвестициите во инфраструктурата и во зелена енергија.

Но, предизвиците сеуште стојат пред нас, а за да се постигнат сите овие меѓусебни прашања помеѓу земјите од Западен Балкан неопходно е да се ориентираме кон консензуални одлуки што ќе придонесат пред се олеснување на трговијата со стоки и услуги без бариери“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека Владата создаваше мерки кои што ќе стимулираат засилен развој на компаниите, со цел што поконкурентни да влезат во пост- пандемскиот период, како што е измена на условите на Планот за економски раст на Владата со кој се релаксираа условите за инвестирање, како и донесувањето на Интервентниот план за инвестиции на Владата со кој се планираат инвестиции од 8,2 милијарди евра, од кои над 50% се инвестиции од реалниот сектор.

“Главна цел на овој план е да ја поттикнеме конкурентноста на локално ниво, за да бидеме конкурентни и атрактивни како дестинација, но не само како поединечна земја, туку на ниво на регион. На овој начин ќе влијаеме да ја подигнеме и конкурентноста на целиот регион, наместо да создаваме конкуренција помеѓу земјите од регионот“ кажа Бектеши.

Дополни дека големи инвестиции и реформи се направени и во енергетскиот сектор што ќе значи раст на целокупната економија.

„На крај сакам да кажам дека единствениот пат кон побрзо економско заздравување во пост-ковид периодот е регионалниот пазар, земјите од Западен Балкан да станат важен дел од глобалните синџири на производство. Во таа насока, сите ние, како земји се обидуваме да работиме на креирање на конзистентни економски политики“ кажа министерот Бектеши.

Next Post

Попладневен преглед: Арсовска безобразна и дрска кон новинарите, одговорниот за циркузот на Могила лично им ја плаќа кампањата на социјалните мрежи на Левица, земјава е одлична дестинација за инвестиција

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk