ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Моника Илиеска-Грашеска: Имаме листа во која мнозинството од 27-те кандидати се жени, ја имаме најдобрата понуда за Прилеп (ВИДЕО)

October 14, 2021 15:53
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

„На неколку денови пред денот на гласањето, учесниците во изборниот процес повлекуваат линија и ги сведуваат сметките од изборната кампања. Како носителка на кандидатската листа, со гордост можам да истакнам дека СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда и најдобриот кадровски состав“, на денешната прес-конференција рече носителката на советничката листа на СДСМ и Коалицијата, Моника Грашеска-Илиеска.

„Од една страна е искуството, од друга младоста. Комбинација на искусни луѓе, докажани во својата област, и млади, вредни и мотивирани, спремни да го дадат најдоброто од себе, за најдоброто за сите.

Нè има од сите возрасти, од најразлични професии. Имаме листа во која мнозинството од 27-те кандидати се жени, што со сигурност значи успех.

Меѓутоа првенствено имаме листа од луѓе кои си го сакаат својот град, си ја сакаат својата општина. Луѓе кои ги знаат приоритетите и потребите на граѓаните. Одговорни луѓекои нема да ја изневерат вашата доверба.

Програмската понуда на СДСМ и Коалицијата ја сочинуваат издржани проекти, усогласени според  реалните состојби на општинскиот буџет, со реални рокови и реален план.

Она во што сум сигурна, едека целиот свој капацитет, целата моја енергија ќе ја насочам кон изградба на отворен, пристапен и транспарентен Совет, во кој секогаш ќе има место за гласот на граѓаните.

Општинскиот Совет мора да биде храм на демократијата, во кој граѓаните преку избраните претставници, но и директно, преку Граѓанскиот парламент и разни други форуми, ќе учествуваат во креирањето на локалните политики.

Граѓанскиот сектор мора да биде вистинскиот коректив на власта, да има реална улога во носењето на одлуките. Демократијата за која се залагам ќе биде реалност, а не само декларативна заложба.

Како советници, со идниот градоначалник на општина Прилеп, Горан Сугарески, ќе изградиме соработка на рамноправна основа, чија првенствена цел е работа и носење одлуки во интерес на жителите на секоја урбана и месна заедница.

Со своето искуство и силна желба да го вложи сето свое знаењево развојот на градот и населените места, Сугарески е движечката сила која заедно со членовите на општинскиот Совет,ќего дадат најдоброто за нашата општина.

Заедно со градоначалникот и со граѓаните, ќе реализираме проекти за изградба на нови булевари, нови велосипедски патеки и зелени површини, нови спортско-рекреативни центри, проекти за почиста животна средина и нови можности за младите луѓе.

Концептот „Најдоброто за Прилеп“, е концепт за подобар живот на сите граѓани!“, истакна Илиеска Грашеска

Next Post

Бектеши: Со поддршка на УСАИД, Северна Македонија е прва во регионот според реформи во енергетскиот сектор

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

November 2, 2025

Герасимовски: Центар што го сакаме е победнички и во сигурни раце

November 2, 2025
Фото: МИА

Во Кочани кандидатот на ВМРО–ДПМНЕ Владко Грозданов, прогласи победа

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk