ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Шахпаска на средба со пензионерите во Кочани: Работиме на нова методологија со која пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата

October 14, 2021 10:44
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, кое важи за едно од поголемите здруженија бидејќи  брои околу 8.000 пензионери.

Таа ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу  пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.

„Разговаравме и за промена на методологијата за усогласување на пензиите  кон која Министерството за труд и социјална политика веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината, ќе биде испорачана нова методологија,  со која што пензиите ќе се усогласуваат  и со растот на просечната плата,“ рече миинистерката Шахпаска.

На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена е  изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.

Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев ја  информираше министерката  дека општината Кочани  ќе ги покрие трошоците за комуналиите и уредување на градежното земјиште.

Домот за стари лица има капацитет од 12 еднокреветни соби, од кои шест  за лица за попреченост,  66 двокреветни соби и 6 апармани.

Претседател на Здружението на пензионери на Кочани Ѓорѓи Серафимов, посочи дека Домот за стари лица е приоритет на граѓаните на Кочани и затоа и пензионерите од градот сметаат дека што побрзо треба проектот треба да биде реализиран.

Според Шахпаска една  од придобивките за оваа најранлива група граѓани е социјалната реформа со која  возрасните лица кои не се корисници на пензија и други социјални услуги добиваат месечен надоместок од 6.000 денари, плус додаток од 1.000 денари, со кои се покриваат дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, усогласена со порастот на трошоците на живот во претходната година објавени од Државниот завод за статистика. Оваа социјална услуга ја користат околу 10.000  граѓани.

 

Министерката беше информирана и за високиот процент на вакцинирани пензионери од општина Кочани, со што таа порача дека имунизацијата мора да продолжи бидејќи само така може да се обезбеди колективниот имунитет, толку неопходен за нашата држава да продолжи со секојдневните општествени текови.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk