ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Лидерот на „Левица“ Апасиев шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза кон неистомисленици

Лидерот на партијата „Левица“, Апасиев дезинформира дека споменатите лица, браќата од Пука Козметика, односно Жарко и Дарко Масларковски, „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“. Дезинформацијата има голема тежина, не само затоа што извира од лидер на политичка партија, туку и од пратеник и професор по право, кој има стручни познавања да го толкува обвинителниот предлог кој самиот го споменува.

October 15, 2021 16:03
in ZOOM IN, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Лидерот на партијата „Левица“, пратеникот и професор по римско право Димитар Апасиев, во Фејсбук статус пишува дека кандидати за советници се гонат кривично за извикување „Македонија“ на протест, а во коментари користи навредлив и потпалувачки говор (кон „Северџанските заевисти“ и „либтардфашисти“). Дел од медиумите го пренесуваат контроверзниот статус на Апасиев без да го проверат, помагајќи со тоа во ширење на дезинформации и говор на омраза.

Медиуми шират дезинформации на лидерот на Левица дека кривично се гонеле лица заради извикување „Македонија“

Во написот на порталот Локално со наслов Апасиев тврди или прашува: Јованоски, кој му се спротистави на Заев, повикан на распит во полициска станица!?, е објавен Фејсбук статус на Апасиев, во кој се реферира и на „Браќата-рапери ПУКА Козметика“:

„Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром, наместо за прекршок се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест!?“

На крајот од написот во порталот Локално, наместо да ја провери вистинитоста на информациите што се објавени, имено, дали навистина некои кандидати за советници „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“, новинарот изнесува дилема: „Бидејќи Апасиев не тврди дека ова е случај, останува прашање дали овие тврдини се вистинити или не.“

Се разбира, „тврдините“ не се искази, туку градби, па не може да се постави прашање за нивната вистинитост. Шегата настрана, но ни авторот на написот во „Локално“ не знаел како да ги третира речениците од статусот на Апасиев што завршуваат со извичник и прашалник – дали како тврдења или пак како прашања. Да погледнел во Правописот на македонскиот јазик, ќе дознаел дека „Извичникот се употребува заедно со прашалник за да се зголеми изразноста на извичната содржина и да се означи чудење“.

Но, без разлика што притоа се изразува и чудење, останува новинарската одговорност да се провери вистинитоста на содржината што се извикува – дали навистина некои кандидати за советници на Левица „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“?

Во написот Како од прекумерно користење на сила (полициска бруталност) до напад на службено лице!!!, објавен на „Антропол“, им се дава простор на активистите на Левица Дарко и Жарко Масларковски („Дарко е носител на советничката листа во Општина Аеродром, а Жарко е кандидат на советничката листа на Град Скопје.“).

Во текстот стои дека против нив има неосновано обвинение:

„Неоснованото обвинение против нив веќе три години се чува во фиока, рочиштата неколкупати им се откажувани а судењето е закажано на само ден после првиот круг на изборите.“

Во текстот се пренесува Фејсбук статус на еден од браќата Масларковски, во кој се опишува само нивната верзија на настаните и е објавена копија од обвинителниот предлог кој е посочен од страна на Апасиев.

Исказот на Апасиев, спореден со обвинителниот предлог и јавно достапните податоци не ја поминува проверката на факти во следниве делови:

  • „Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром“ (Само Дарко Масларковски е на прво место на советничка листа во Аеродром, а Жарко Масларковски е на 13 место на советничка листа во Град Скопје).
  • „наместо за прекршок се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест!“ (Постои обвинителен предлог, објавен на Фејсбук страницата на еден од кандидатите за советници на Левица, но споменатите лица воопшто не се товарат „за извикување „Македонија“ на протест“, туку за кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работа на безбедноста“.
  • Во самиот обвинителен предлог воопшто не се спомнува никакво „извикување „Македонија“ на протест“!

обвинителен предлог против браќата Масларковски, извор: ФБ објава на Масларковски
обвинителен предлог против браќата Масларковски, извор: ФБ објава на Масларковски

Следствено, може да се заклучи дека лидерот на партијата „Левица“, Апасиев дезинформира дека споменатите лица „се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест“.

Дезинформацијата има голема тежина, не само затоа што извира од лидер на политичка партија, туку и од пратеник и професор по право, кој има стручни познавања да го толкува обвинителниот предлог кој самиот го споменува.

И други медиуми ја проширија дезинформацијата на Апасиев, додавајќи и свои дезинформации. Така, насловот на Плусинфо „ИВАН ЈОВАНОВСКИ КОЈ МУ ДОФРЛАШЕ НА ЗАЕВ ПОВИКАН ВО ПОЛИЦИЈА Апасиев реагира дека тој наместо за прекршок се гони за кривично дело“ ја содржи следнава дезинформација:

„Тој реагира на дека Јовановски наместо за прекршок се гони за кривично дело.“

Во статусот на Апасиев е јасно дека изразот „наместо за прекршок се гонат кривично“ не се однесува на Јовановски, туку на „Браќата-рапери ПУКА Козметика“.

Поттикнување омраза

Во коментарите од ФБ статусот, лидерот на Левица, Апасиев поттикнува омраза не само против „Северџанските заевисти“ туку и против оние што ги нарекува „Либтардфашисти“.

Професорката и експертка за човекови права, Мирјана Најчевска тврдеше дека изразот “северџан” е класична употреба на говор на омраза:

„Со употребата на овој термин одредена група на луѓе се прави обид да се дехуманизира или во случајов да се деидентизира. Значи некои луѓе се обидуваат други луѓе да ги наречат на начин кој не само што омаловажува и понижува туку и им одзема одредени карактеристики. Тоа може да води било во ограничување на правата на тие луѓе во одредена ситуација, било во создавање на непријателска атмосфера и во иднина оправдување на насилно однесување кон оваа група луѓе”, вели Најчевска. („Терминот „северџан“ за дополнителни поделби“).

коментари на Фејсбук објавата на Димитар Апасиев, извор: ФБ статус на Апасиев
коментари на Фејсбук објавата на Димитар Апасиев, извор: ФБ статус на Апасиев

Изразот „либтардфашисти“ нема да го најдете ако гуглате, но истиот е составка од „либтард“ и „фашисти“. Според извесни толкувања, „либтард“ се користи од конзервативни тролови за да се навредуваат либералите како глупави. Во Cambridge Dictionary ќе го најдете следниов опис на „libtard“:

„Се користи од екстремни десничари за упатување на некој кој верува во лична слобода и дека парите, сопственоста и моќта треба да бидат чесно споделени. „Либтард“ е комбинација од „либерал“ и „ретард“.“ (Definition of libtard from the Cambridge Advanced Learner’s Dictionary & Thesaurus © Cambridge University Press).

И од овој опис е јасно дека пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев користи екстремно-десничарски говор, кој не само што навредува, туку и поттикнува нетрпеливост кон либерали и лица со попреченост, на кои им го калеми и зборот „фашисти“.

Статусот на Апасиев и неговите коментари, претставуваат варијација на патриотски говор на омраза, со изнесување на груби дезинформации (дека има кривично гонење заради извикување „Македонија“) и користење на потпалувачки изрази, кои поттикнуваат нетрпеливост и омраза кон политички неистомисленици.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025

Просечната нето плата во април 45.452 денари

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk