ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев: ТЕЦ „Осломеј“ ќе биде првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

October 15, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
МИА

МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Нашата цел е да обезбедиме чиста животна средина за нашите деца и за идните поколенија. На местата на некогашните загадувачи, денес градиме капацитети за производство на чиста и зелена енергија. Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК „Осломеј“ за неколку месеци треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична електрана. Вкупното годишно производство од оваа нова фотоволтаична електрана ќе изнесува  15-17 гигават часови, доволни за потребите на околу 2.800 домаќинства, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој во придружба на раководството на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), ја посети локацијата на Термоелектраната во Осломеј во Кичево, каде во моментот интензивно се одвиваат градежните активности за изградбата на првата фотоволтаична електрана од  10 мегавати во сопственост на ЕСМ.

– Со изградбата на оваа 10 мегаватна електрана се започнува со процесот на енергетска транзиција на РЕК „Осломеј“ и кичевскиот регион. ЕСМ во моментот работи на нова студија за уште една ваква електрана од 10 мегавати. Неодамна, во јуни се потпишаа и договорите за изградба на две фотонапонски електрани од по 50 мегавати со што комплетно 120 мегавати од Осломеј на јаглен ќе се заменат со 120 мегавати фотонапонски електрани. Ова е првата енергетска транзиција на електрана на јаглен во чиста енергија, во регионот, потенцира Заев.

Договорите, прецизира премиерот, од една страна се потпишани од ЕСМ, како јавен партнер, и од друга страна со „Фортис енерџи“ од Турција во едната електрана, а во другата со „Солар про“ од Бугарија. Приватните партнери на ЕСМ ќе му исплаќаат надоместок за јавното приватно партнерство во износ соодветен на 18 и 18,5 отсто од произведената електрична енергија за час.

– Пресметките покажуваат дека заработка на државата би се движела околу 1,5 милиони евра годишно. Дополнително инвеститорите имаат обврска  да земат по еден вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за трајно да ги обезбедиме тие наши сограѓани. Во моментот се прави студија за праведна транзиција, во која треба да бидат направени сите анализи за можностите и иднината на постојните вработено. Ова е показател дека се грижиме за сите и дека се бара решение за сите, истакна претседателот на Владата.

Проектот, како што кажа, е значен не само од аспект на енергетските вредности, туку и од социјален и еколошки аспект заради фактот што со поставување на фотоволтаични панели над 15 хектари на постојниот рудник во околината на РЕК „Осломеј“ се врши рекултивација на земјиштето кое е од големо значење за околината.

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

– На врвот сме меѓу шампионите во регионот по раст на обновливи извори на енергија. Само за минатата година го зголемивме производството на енергија од обновливи извори на 827 мегавати, што претставува раст од 10,1 проценти и е во рамки на светскиот просек на зголемување од 10,3 отсто, според извештајот на „Балкан грин енерџи њуз“, потенцира Заев.

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски нагласи дека изградбата на Фотонапонската електрана „Осломеј“ е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето.

– Термоелектраната „Осломеј“ не беше во редовна работа со години и сега во делот каде што е завршена  експлоатацијата на јагленот се почна со инвестиции што ќе бидат не само во интерес на енергетскиот сектор на нашата држава, туку и во интерес на сите граѓани што живеат во Кичево и околината, рече Ковачевски.

Тој додаде дека веќе се преземени активности за селектирање на потребните кадри од РЕК „Осломеј“ и нивна преквалификација за работа во фотонапонската електрана, како и за потребите на поголемата фотонапонска електрана од 100 мегавати која ќе се гради како јавно-приватно партнерство, со што, посочи, освен посветеноста на зголемување на процентот на зелената енергија во нашиот енергетски биланс, АД ЕСМ се грижи и за социјалната компонента при енергетската транзиција./МИА/.

Next Post

Цековска: Поразителен е четири годишниот молк на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ

EVN

НАЈНОВО

Чупеска со жесток говор во Собранието: Кривичен законик за елитите, репресија за граѓаните

January 17, 2026

(ВИДЕО) Принцезата Кејт Мидлтон ја прекрши кралската традиција – сама се довезе на прием во Виндзор

January 17, 2026

Идрис Елба за малку ќе ја пропуштел витешката титула од кралот Чарлс – поради изгубено писмо

January 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Републикански конгресмен предупредува: Воена акција на САД врз Гренланд би значела крај на мандатот на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Oвде едноставно не може да му се прости на човек кој спечалил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 16 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мачадо му ја предала медалата за Нобелова награда на Трамп за рушењето на Мадуро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk