ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мета бара итни, ефикасни мерки по извештајот дека Албанија е последна во Европа според Индексот за владеење на правото

October 16, 2021 17:30
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со извештајот за Индексот за владеење на правото, во кој се наведува дека „Албанија е на последното место во Европа според владеење на правото“.

Шефот на албанската држава на социјалните мрежи објави дека во земјата значително е влошена состојбата со владеење на правото и оти мора да се преземат мерки во борбата против корупцијата.

– Извештаите од престижните меѓународни организации потврдуваат дека од година во година владеењето на правото во Албанија значително се влошува. Индексот за владеење на правото 2021, подготвен од Светскиот проект за правда, е показател за реалната состојба во земјата и силен „повик“ за размислување и преземање акција за борба против корупцијата и овозможување ефикасна и непристрасна правда за сите, наведе Мета.

Тој додаде дека овој извештај го мери начинот на владеење на правото, колку е независно судството, колку добро работат ревизорските агенции и колку овие тела се независни, дали службениците се казнуваат за прекршоци, дали медиумите се независни, дали функционерите се избираат според правилата и процедурите предвидени со Уставот.

– Заклучоците на Светскиот проект за правда потврдуваат дека Албанија има највисоко ниво на корупција во Европа и регионот и дека ниту еден показател не потврдува подобрување, туку само континуиран пад во споредба со другите земји. Според овој индекс, од мерењето на четири универзални принципи за владеење на правото – отчетност, правичен закон, отворено владеење, непристрасна и достапна правда, произлегува дека Албанија бележи пад во однос на владеењето на правото, и во 2021 година е рангирана на 83 место од вкупно 139 држави.

извор: МИА

Next Post

Попладневен преглед: Длабок родов дисбаланс на изборите, колку чинел поткупениот глас на изборите, Бугарија нема да го смени ставот под притисок

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk