ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Какви се резултатите од локалните избори, СДСМ засега со сигурна победа во пет општини, Стоев ја поддржува идејата за бугарска партија во државава

October 17, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Заврши избирањето, започнато е одбројување на гласовите. Забележани случаи на поткуп во замена за гласови. Стоев ја поддржува идејата за основање на Бугарска партија во Северна Македонија.

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ И ИЗБОРНИ НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Во 19:30 часот се затворија сите избирачки места на кои граѓаните на Република Северна Македонија денеска гласаа на локалните избори. Иако беше предвидено избирачките места да бидат затворени во 19 часот, изборниот процес продолжи половина час додека не гласаа граѓаните кои беа затекнати во објектите за гласање.

Победа во прв круг во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово. Убедливо водство со можност за победа во прв круг во Струмица, Ресен, Бутел и Крушево, брифираат од СДСМ.

Можам со задоволство да констатирам дека имавме изборен ден со незначителен број на неправилности, без сериозно нарушување на јавниот ред и мир. До 19:00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40 проценти во споредба со изборите во јули 2020 година. Така годинава се пријавени 91 настан за разлика од претходните избори, кога беа пријавени 151 настан, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Излезноста на гласачите на Локалните избори 2021 до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија. Најголема излезност има во Макеоднски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.

Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Вчера вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

Од вкупно обработени 2.544, односно 73,1 проценти од избирачките места на денешните Локални избори до 11 часот гласале вкупно 135 906 гласачи, односно 10,22 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугучевска, известува МИА.

Гласањето на локалните избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. Право на глас има секое лице што е запишано во изводот од избирачкиот список и поседува важечки документ за лична идентификација – лична карта или патна исправа.

Јавното обвинителство информира дека во континуитет ги следи случувањата поврзани со изборниот процес преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава 16 од Кривичниот законик – „кривични дела против изборите и гласањето“, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори.

Дежурен јавен обвинител од скопското обвинитeлство е  присутен во седиштето на СВР Скопје каде заедно со  Штабот  во рамките на оперативна акција Избори 2021 година  во рамки на СВР Скопје се следат сите настани поврзани со неправилности  за локалните избори.

Добиена е пријава дека засега непознати лица со две патнички моторни возила вршат изборен поткуп во Топаана и Шуто Оризари. Дадени се насоки СВР Скопје да преземе мерки за проверка на наводите од пријавата, проверка на лицата на кои што им бил понуден поткупот и утврдување на можен сторител на кривично дело „поткуп при избори и гласање“ од член 162 од Кривичниот законик.

Слободни, фер и транспарентни избори се суштински за секоја силна демократија, објави Амбасадата на САД на својата Фејсбук страница. Денеска им аплаудираме на граѓаните на Северна Македонија, кои своето право на овој витален демократски принцип го остваруваат на локалните избори ширум земјата, стои во објавата на американската Амбасада.

Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК од германската компанија „Дермалог“ набави 4000 терминали. Со уредот за биометриска идентификација на гласачите ќе управуваат само претседателот или заменик претседателот на Избирачкиот одбор кои ќе имаат посебни картички што се дел од доверливиот избирачки материјал и се чуваат во избирачкото место.

За Локалните избори 2021 што се одржуваат денеска акредитирани се вкупно 1.045домашни и странски набљудувачи и преведувачи.

Во 80-те избирачки места во Општина Штип гласањето тече без поголеми проблеми. Претседателот на Општинската изборна комисија, Виктор Вацев за МИА вели дека од утринава имаат околу десеттина граѓани, на кои апаратите за отпечаток од прст не им ги препознаваат отпечатоците.

Бугарскиот министер за надворешни работи Светлан Стоев изјави дека ја поддржува идејата за евентуалното формирање партија на Бугарите во Северна Македонија. Toa е нивно право, бидејќи Уставот им гo гарантира тоа право, истакна Стоев.

ЕКОНОМИЈА

Прометот во индустријата во периодот јануари – август 2021 година во однос на истиот период лани е зголемен за 21,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во август 2021 година, пак, во однос на август 2020 година прометот бележи раст од 7,5 отсто.

ПАНДЕМИЈА

Во земјава има вкупно 6.813 активни случаи на КОВИД-19 од кои најголемиот број 3.413 се во главниот град по што следат Куманово со 564, Велес со 318, Охрид со 218, Прилеп со 212 и Штип со 211. Најмалку активни случаи, по еден има во Демир Капија и Пехчево, следи Дојран со два и Македонски Брод со девет, а сите останати општини имаат двоцифрен или троцифрен број активни случаи.

Денеска се регистрирани 329 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 197.091. Оздравени се 200 пациенти –  во изминативе 24 часа пријавени се 13 починати лица.

М. М.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk