Џабир Дерала, во своето гостување на Топ Тема на ТВ Телма (18 октомври), на која тема беа локалните избори и финалните бројки од првиот круг истакна дека бројките кои што ги постигнаа владејачките партии се подобри отколку што можеше да се очекува, ако се земат предвид исклучително тешките и сложени околности во кои живееме.
“Ова е мое лично мисење, ама лично сметам дека владејачките партии поминаа подобро отколку што очекував, затоа што и на внатрешен и на надворешен план, и на глобален план, ова е можеби најнесреќното време за владеење на било која гарнитура што би била на власт. Ако погледнете убаво, почнувајќи со пандемијата, завршувајќи со трагедиите и несреќите кои се случија. И на внатрешен план, жестоката поларизација на општеството и во политиката која го блокира системот и не помага да се спроведат реформите и да се подобрат состојбите за одредени прашања, било да е тоа јавно здравје или економија или било што друго“ – изјави Дерала за Топ Тема.
„Имате ситуација во која настанува состојба на големо незадоволство, кон кого ако не спрема тие кои што се на власт. Без оглед на тоа во која мерка се тие одговорни или пак се само дел од некои трендови кои нив ги разнишале. Затоа, мислам дека ова дури е многу добар резултат ако ги земеме сите околности под кои се спроведува овој изборен процес. Владејачките партии имаат со што да се пофалат, но има и за што и да бидат критикувани и тоа ни малку нежно“ – појасни Дерала.
В. К.