Со пребројани 100 % од гласовите во Битола, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Тони Коњановски, е во водство со 19.571 гласови (42,83%) пред кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски кој освои 17.926 (39,23%). Зад нив, на трето место е кандидатот на ЛДП/ДОМ Горан Милевски со 3.343 гласови, односно 7,32 отсто од излезените гласачи во Битола.
Зад Милевски е Зоран Лазаровски Паљо, потоа следат Јорго Огненовски и Горан Тасковски.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 1.600 гласови од кандидатот на СДСМ. Дали гласовите на Милевски ќе отидат во корист на Кондовски ќе се знае по вториот круг.
И. З.