ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Партиите прогласија победа, додека ДИК сукцесивно објавува резултати од изборите

October 18, 2021 07:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот круг од локалните избори заврши. Додека Државната изборна комисија сукцесивно ги објавува резултатите на својата веб-страница, партиите и од власта и од опозицијата прогласија победа.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на последната прес-конференција одржана по полноќ рече дека постојано пристигнуваат нови податоци од гласањето.

– Ќе ги чекаме записниците од општинските изборни комисии да дојдат и поради тоа ќе останеме да работиме. Првата можна прилика ќе закажеме нова прес-конференција на која ќе имаме повеќе конкретни резултати, изјави синоќа Даштевски.

До Државната изборна комисија во текот на вчерашниот ден пристигнале вкупно 286 приговори за заштита на избирачко право, од кои 217 се прифатени, 19 се одбиени, а 34 биле неосновани, а 16 приговори беа во процес на обработка.

Гласањето е завршено во сите 11 избирачки места во кои беше продолжено, за толку колку што беше прекинот.

ДИК на последната прес-конференција не изнесе податоци за излезноста, а претходно соопшти дека до 18 часот на гласање излегле 49,29 проценти од запишаните избирачи.

СДСМ прогласи победа во првиот круг или сериозно водство во повеќе од 30 општини и Град Скопје. Во општините каде нивните кандидати одат во вториот круг очекуваат сериозна поддршка од коалициските партнери кои во првиот круг настапија самостојно.

– Коалицијата на прогресот добива сериозна поддршка во вториот круг. СДСМ влегува во втор круг во 36 општини плус Градот Скопје. Влегуваме во борба за конечна победа во сите преостанати општини. Убеден сум дека на крајот СДСМ и Коалицијата ќе имаат градоначалници во повеќе општини во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и нивната Коалиција, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција.

Тој нагласи дека коалицијата на партиите кои ја сочинуваат централната власт, а тоа е владината коалиција составена од СДСМ, ДУИ, ЛДП, ДОМ, Беса, ДПА, Бошњачкиот демократски сојуз и другите партии, ќе се обедини и, како што рече, ќе влезе во борба за мнозинствата во најголем број од веќе избраните совети на општините низ државата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, прогласи победа во 20-тина општини, а според аналитичкиот центар на партијата, нивните кандидати се во благо водство во уште 20-тина општини. Во Градот Скопје, според нивните пресметки, води независната кандидатка Данела Арсовска пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, а во повеќе од 50 општини очекуваат да имаат мнозинство во Советот, вклучително и победа на градската листа за Скопје. Разликата на советничките листи, како што вчера објави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, ќе биде повеќе од 50 илјади гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ.

– Во првиот круг имаме повеќе од 20 градоначалници. Мислам дека е бројката со тоа што чекаме да се потврдат Кисела Вода и Аеродром, во 20 општини сме првопласирани, а во другите влегуваме во вториот круг со огромна можност за да победиме во вториот круг. Разликата на советничките листи очекуваме да биде повеќе од 50 илјади гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, изјави вчера Мицкоски.

Раководството на партијата, како што најави, ќе разговара дали ќе побара предвремени парламентарни избори, но нагласи дека е можно наскоро да имаат и парламентарно мнозинство.

Од Левица се задоволни од постигнатите резултати на изборите. Нивните кандидати за градоначалници се трети и не влегуваат во вториот круг, но за разлика од минатите избори кога имаа само тројца советници, сега имаат советници во речиси 30-тина општини. Како што изјави лидерот на Левица, Димитар Апасиев остануваат на ставот да не коалицираат со ниту една партија во вториот круг.

– Меѓутоа, од општина до општина можни се преговори со опозициските партии. Ќе чекаме да не викнат на преговори. Не исклучуваме преговори, но формални коалиции не верувам дека ќе има. Сепак раководството ќе треба да ја донесе таа одлука. Во следните две недели планираме да свикуваме проширен Централен комитет каде што ќе се испеглаат сите овие прашања и ќе го дадеме курсот на понатамошните наши дејствувања. Евидентно е проопозициското настроение на народот и мислам дека тој курс ќе го држиме и понатаму, рече Апасиев.

Ако евентуално има предвремени парламентарни избори, како што изјави Апасиев, Левица би одела сама, а постизборно можно е да преговара за состав на Влада.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на завршната прес-конференцијата на партијата изрази задоволство од постигнатите резултати, посочувајќи дека уште во првиот круг победиле во три општини – Сарај, Липково и Пласница.

Според него, во втор круг одат со голема предност во десетина општини – Тетово, Чаир, Кичево, Струга, Желино, Теарце, Боговиње, Арачиново и Долнени. Исто така и во втор круг кандидатите на ДУИ одат во општините Дебар, Чашка, Гостивар и Врапчиште.

– Сакам да изразам задоволство за целокупниот изборен процес каде се покажа демократска култура, бидејќи изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред. Сакам да им честитам на сите учесници во натпреварот. Ги поздравувам членовите на ДУИ за оваа победа, после победата во 2020 на парламентарните избори, каде покажаа уште еден успех при тоа зголемувајќи го бројот на гласовите за својата партија. Покрај на локалните, општинските и централниот штаб, сакам да им заблагодарам и на гласачите кои се определија за духот на зелената агенда на животот на ДУИ која беше претставена пред избирачите. Како што секогаш сме биле победници и во овој важен процес за локална самоуправа излеговме како победници, изјави Ахмети.

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласи победа во првиот круг во Дебар и Гостивар, а според нивните информации, нивните кандидати за градоначалници одат во втор круг во пет општини.

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села на прес-конференција изјави дека чекаат информации дали нивниот кандидат ќе оди во вториот круг и во Тетово.

Меѓу општините во кои кандидатите за градоначалници на Алијанса за Албанците и Алтернатива одат во вториот круг, според Села, се Врапчиште, Боговиње, Теарце и Чаир.

Дел од партиите оценија дека изборниот ден минал со низа нерегуларности, додека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на прес-конференција по затворањето на гласачките места изјави дека изборен ден минал со незначителен број неправилности, без сериозно нарушување на јавниот ред и мир.

– До 19.00 часот се бележи вкупно намалување на бројот на пријавени настани и тоа за 40 проценти во споредба со изборите во јули 2020 година. Така годинава се пријавени 91 настан за разлика од претходните избори, кога беа пријавени 151 настан, истакна Спасовски, додавајќи дека од пријавените случаи, МВР нема регистрирано посеризно нарушувања на изборниот процес и на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

Според него, изборен ден минал во мирна и фер атмосфера, а граѓаните искористувајќи го слободно и непречено своето загарантирано право на глас уште еднаш ја демонстрирале својата зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината на својата земја.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во 10 општини избрани градоначалници во прв круг, покажуваат досегашните податоци на ДИК

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk