ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ѓурчиновски и Сенди разговараa за унапредување на воената соработка меѓу Северна Македонија и Унгарија

October 18, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, генерал-потполковник Ромулус Русин-Сенди, кој e во дводневна официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.

Генералот Сенди по пречекот со воени почести од страна на Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, оствари средби со својот домаќин и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што се наведува во соопштението, генералите Ѓурчиновски и Сенди разговараа за можностите за унапредување на меѓусебната воена соработка, како и размена на стекнатите искуства како една од објективите на НАТО воениот сојуз.

Mинистерката Шекеринска и генералот Сенди, како што се наведува, се согласија дека Северна Македонија и Унгарија како НАТО сојузници се особено посветени на стабилноста на регионот, а доказ за тоа е соработката во мисијата КФОР во Косово. Шекеринска го честиташе неодамнешното поставување на унгарскиот генерал Ференц Кајари за командант на мисијата КФОР во Косово.

На официјалниот состанок во генералштабот од страна на надлежните старешини пред унгарската воена делегација се презентираа активностите кои се спроведуваат во процесот на трансформација на Армијата на Република Северна Македонија, нашиот придонес во мировните операции и искуствата од ангажманот во сеуште актуелната мигранска криза, како и капацитетите и вежбовните активности кои се реализираат на армискиот полигон Криволак.

Од страна на генералот Ѓурчиновски по искажаната благодарност за досегашната соработка и континуираната подршка од страна на ВС на Унгарија се изрази подготвеност за понатамошно изнаоѓање на нови облици на воената соработка, пред се во заедничкото учество на вежбовните активности кои се планирани за изведување на АП Криволак, како и заедничко учество во мировните операции, се посочува во соопштението.

Генералот Сенди во текот на разговорите ја истакна подготвеноста за споделување на искуствата на Унгарските ВС во оценувања според концептот на НАТО, како и подршка во менторирање на обуката во контекст на претстојните оценувања на нашите единици.

Генералот Сенди денеска ќе биде примен и од претседателот и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, по што во касарната Илинден ќе го обиколи баталјонот за специјални сили каде ќе му биде презентирана дел од обуката на припадниците од оваа единица.

Министерствата за одбрана на Република Северна Македонија и Република Унгарија имаат потпишано договор за соработка во 2002 година, од кога во воено-образовните институции на Република Унгарија се школувале голем број на припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Како сојузници во НАТО се отвараат нови можности за интензивирање на соработката со Вооружените сили на Република Унгарија особено во изведување на заеднички вежбовни активности и воената едукација.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Четири скопски општини досега добија градоначалници во првиот круг

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk