ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир, а лекот сотровимаб веќе е во упoтреба

October 19, 2021 16:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ денеска изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што  почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави Шкодриќ за ТВ Прва, Србија е прва во Европа што потпишала договор за купување на лекот Молнупиравир и додаде дека се очекува тој да биде регистриран во декември од Американската агенција за лекови, по што се очекува одобрување во Европа и Србија.

– Лекот е во форма на таблета и ќе се примени за сите пациенти кои се позитивни (на коронавирус), во првите пет дена од позитивноста и навистина се намалува, покажаа резултатите од клиничките студии, најмалку за 50 отсто хоспитализација. Завршени се сите клинички студии за овој лек, што е неопходно пред регистрацијата, а резултатите се одлични, истакна Радојевиќ Шкодриќ.

Таа денеска на ТВ К1 посочи и дека цената на новиот лек кој започна да се користи во Србија пред неколку дена, Сотровимаб, изнесува 4.000 долари.

– Цената на лековите што се користат во третманот на Ковид-19 се движи од неколку стотици до неколку илјади долари. Сотровимаб чини околу 4.000 долари. Тоа е лек од групата неутрализирачки антитела, кој се дава амбулантски во првите седум до десет дена од болеста, само еднаш, како инфузија. Овој лек е препорачан од Светската здравствена организација и е во американскиот протокол за лекување. Според податоците, лекот има ефикасност од 50 до 70 отсто во спречување на хоспитализација. Наменет е за лица постари од 65 години со хронични заболувања, кои се заразиле и се под висок ризик да развијат тешка клиничка слика. Тоа е еден од најефикасните лекови, наведе проф. д-р Радојевиќ Шкодриќ.

Таа посочи дека во Србија веќе долго време се достапни Регенерон и Бамланивимаб, од иста група лекови, но дека не разбира зошто голем број луѓе чекаат да се разболат кога има ефикасни вакцини.

Next Post

Попладневен преглед: Заев со отворено писмо до членството, скоро 70.000 неважечки ливчиња, коридорот 8 ќе биде завршен до 2030 година

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk