ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Извештајот на ЕК е реален

October 20, 2021 11:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија во делот на судство има голем напредок, вели министерот за правда Бојан Маричиќ во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата што беше објавен вчера.

-Извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија се реални, во делот на судство има голем напредок, уважени се напорите за активноста на Судскиот совет, има пофалби за Академија на судии, има повеќе елементи дека се спроведуваат реформите. Се движиме во вистинската насока. Имаме средна оценка, умерено подготвен. Јавниот сервис не е чепнат затоа што има премногу критични околности. Се продолжија случаите на СЈО, има многу работи кои се направија за овие четири години кои не придвижија од „заробена држава“, истакна министерот Маричиќ во денешното гостување во Студио 10 на ТВ24.

Тој посочува дека не треба да заборавиме дека година ипол се занимаваме со ублажување на ковид последиците.

-Реален е извештајот на Европската комисија, факт е дека е добро што опозицијата е во Собранието,  вели Маричиќ.

Во Извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија што вчера беше презентиран во Европскиот парламент во Стразбур за сите шест земји од Западен Балкан, заедно со Пакетот за проширување 2021 стои дека судскиот систем е „умерено подготвен“ за ЕУ членство.

-Мал напредок е постигнат во однос на спроведувањето на стратегијата за судска реформа со што дополнително се одговара на препораките на Венецијанската комисија и на Експертската група за владеење на правото. Напори сѐ уште се потребни за да се обезбеди систематско спроведување на обновениот акциски план за стратегијата за судски реформи и стратегијата за човечки ресурси за судството и обвинителството, оценува Европската Комисија.

Од ЕК оценуваат дека Северна Македонија покажува умерена подготвеност и во борбата против корупција и дека земјата го зацврстува процесот на гонење криминал и корупција вклучително и високопрофилни случаи.

Се бара земјата да ги подобри и условите во затворите и да ги зајакне алтернативите за затворски казни./МИА/.

Next Post

Неважечките ливчиња побројни од освоените гласови на Алијанса и Алтернатива или независните листи

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk