ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Почнува скрининг на скопските средношколци, вчера 13,7 отсто од тестираните позитивни на Ковид 19

October 20, 2021 08:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Скринингот на учениците за Ковид-19 од денеска во девет средни училишта во Скопје. Ќе се тестираат 258 средношколци. Досега ревакцинирани 45 отсто од полнолетните граѓани. Вакцинираните со „Синовак“ и „Синофарм“ трета доза може да примаат три месеци по ревакцина, одлучи вчера Националниот Комитет за имунизација. Од 8 до 14 октомври од КОВИД-19 починале 105 лица, од кои 79 не биле вакцинирани, информира вчера Министерството за здравство.

Вчера беа регистрирани 472 нови случаи од направени 3.431 тестирање или 13,7 отсто, што е во рамки на процентот на заболени од коронавирусот за време на работните денови, кој се движи од 10 до 15 отсто. Евидентирани беа вкупно 14 починати лица – осум во претходното деноноќие и шест преку системот „Мој термин“ од 18 септември до 12 октомври 2021, и 498 оздравени пациенти, информираа вчера од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.

Досега во земјата се направени вкупно 1.347.969 тестирања на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.669, бројката на оздравени пациенти е 183.972, на починати е 6.978, а бројот на активни случаи изнесува 6.719.

Половина од активните случаи се во Скопје – 3407, потоа следи Куманово со 538, Велес – 310, Прилеп – 227, Охрид – 216. Во другите градови таа бројка е под 200, а во Пехчево и Демир Капија има по еден заразен случај.

Во текот на завчерашниот ден биле аплицирани вкупно 3.475 дози вакцини, од кои 917 како прва доза, 2.509 се ревакцини, а 49 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 18 октомври вкупно се вакцинирани 799.762 граѓани, ревакцинирани се 763.031, а трета доза примиле 1.197 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, 54 отсто од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 проценти, а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Националниот Комитет за имунизација вчера донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат после изминати три месеци од ревакцинација, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“, а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, „Фајзер“, „Астра Зенека“ или „Спутник В“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од ревакцинација.

Министерството за здравство вчера соопшти дека неделно ќе информира за починати лица со Ковид-19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани, како што се посочува, се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 8 до 14 октомври починале 105 пациенти со Ковид-19, од кои над 75 отсто биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти од Ковид-19 во период од 8 до 14 октомври само 26 биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години.

Од 26-те починати лица, двајца биле вакцинирани со вакцината на „Фајзер“, тројца со „Астра Зенека“, четворица со „Синовак“, а 17 со „Синофарм“.

Од денеска почнува скрининг на ученици за Ковид-19 во девет средни училишта во Скопје. Во текот на денешниот ден ќе се тестираат 258 средношколци, а низ државата продолжува во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа, соопшти Министерството за здравство.

Тестирањето на учениците, како што се посочува, ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, а тестирањето ќе трае помалку од една минута. Истото е безболно и безбедно, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на Ковид-19 меѓу учениците.

– Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, информираат од Министерството за здравство.

Владата на вчерашната седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии и објекти за исхрана) со кои е укинато ограничувањето на бројот на гости, четворица на една маса во угостителските објекти и се дозволува поголема исполнетост на капацитетите и во отворениот и во затворениот дел.

За угостителските објекти за организирање прослави, веселби и свадби, додаваат, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.

Во Скопје затворена модуларната болница поради тоа што во последниот период има доволниот број на слободни места во Инфективната клиника. Оттаму ги демантираат информациите дека таа е затворена поради протекување на покривот за време на дождливите денови.

– Модуларната болница која е помошно инфективно одделение на КИБФС од пуштањето во употреба трипати беше отворана и затворена согласно потребите за третирање пациенти, посочија од КИБФС.

Оттаму велат дела на КИБФС вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. Капацитетот на Клиниката е 100 болнички кревети, а на модуларната болница кое е помошно инфективно одделение 70 болнички легла.

-Инфективна клиника ја става во употреба модуларната болница кога е исполнет капацитетот на Клиниката и другите ковид болници во градот. Во последниот период доволниот број на слободни места овозможи затворање на модуларната болница. Модуларната болница во моментов се дезинфицира и се спроведуваат стандардни процедури за нејзино одржување, информираат од КИБФС.

Спред светската статистика, досега во светот се заразиле со коронавирусот над 242 милиони луѓе, починале повеќе од 4,9 милиони, оздравеле околу 220 милиони лица.

СЗО подготвува програма за помош на сиромашните земји во борбата против Ковид-19. Светската здравствена организација (СЗО) се обидува да им обезбеди на посиромашните земји вакцини, тестови и лекови во борбата против коронавирус по пристапни цени. Организацијата разработува програма за снабдување на трети земји со една милијарда тестови за САРС-КоВ-2, како и препарати за лекување на луѓе со полесна здравствена состојба.

Целта е да се надмине големата разлика во понудата меѓу богатите и сиромашните земји. Досега, програмата за помош обезбеди финансиска поддршка од над 18,5 милијарди долари. Договорот за дополнителна поддршка мора да биде постигнат до крајот на следниот месец.

Руската Влада планира да воведе неработни денови за да го забави ширењето на Ковид-19. Руската вицепремиерка Татјана Голикова ја повика владата од 30 октомври до 7 ноември да воведе неработни денови за да го спречи натамошниот рекорден раст на бројот на новозаразени со Ковид-19 и смртните случаи.

Русија денеска има 1015 смртни случаи како последица на Ковид-19, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата. Вчера во Русија беа регистрирани 33.740 нови случаи на инфекцијата.

Летонија најави ново „затворање“ од 21 октомври до 15 ноември во обид да го забави растот на инфекции на коронавирус. Летонија е на прво место во светот според нивото на заразени, изјави министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата.

Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „локдаунот“. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење

Во Словенија секој трет тест е позитивен на КОВИД-19. Во таа држава вчера беа потврдени 1.669 новозаразени со коронавирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.

Бугарија од четврток воведува ковид сертификати за влез на јавни места.Бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, најави дека од четврток, 21 октомври, во земјата ќе се воведат нови антиепидемиолошки правила во борбата против епидемијата на коронавирусот. За сите собири со луѓе во затворен простор ќе биде потребен сертификат за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен ПЦР тест. За посети на кина, театри, галерии, трговски центри, хотели, базени, фитнес центри и спортски сали ќе биде потребен зелен сертификат.

Србија прва во Европа ќе го набави лекот молнупиравир. Директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурувањена Србија (РФЗО), Сања Радојевиќ Шкодриќ вчера изјави дека 50.000 лекови против Ковид-19 Молнупиравир, на компанијата МСД, ќе пристигнат во Србија во јануари и дека цената на новиот лек Сотровимаб, што  почна да се применува во Србија пред неколку дена изнесува 4.000 долари./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk