Апсурдна беше денешната прес-конференција на Данела Арсовска која
30 минути се возеше во новите германски автобуси од марката „МАН“ низ Скопје со
новинарите.
Таа го критикуваше актуелниот градоначалник како имало дупки по улиците, па
возењето не било пријатно. Но, реалноста е дека една од работите која не може да
му се замери на Шилегов е токму реконструкција на булеварите по кои сообраќаат
новите автобуси. Според отчетот на актуелниот градоначалник, за четири години во
Скопје се реконструирани 40 главни сообраќајници и изградени четири нови булевари.
Во објавата која Арсовска ја објави на социјалните мрежи таа е сликана пред новите
автобуси велејќи дека ќе купува други нови автобуси иако градот неодамна набави 33
нови еколошки автобуси. Оттука нејасно е како граѓаните ќе ја видат разликата во
понудата на Данела од онаа што веќе ја имаат со Шилегов.







