ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изборна битка за Скопје: Колку „тежат“ кандидатите за градоначалник наспроти партиите?

Кај нас е речиси невозможно да се имаат сериозни резултати на избори без партиска поддршка. Но, исто така е неспорно дека освен партиската поддршка, одлучувачки фактор е и квалитетот на предложените кандидати, а најмногу способноста да се придобијат гласови од партиски неопределените. Па да видиме, колку „тежеа“ кандидатите наспроти листите на партиите и иницијативите што ги поддржаа во првиот круг на Локалните избори 2021?

October 21, 2021 12:32
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ / ЦИВИЛ МЕДИА

И на овие локални избори, како и на сите избори низ годините, изборната битка за Град Скопје е несомнено најважната, не само за локалните теми. Скопје, како главен град, како центар на администрацијата и бизнисот во кој живее или кон гравитира речиси половина од државата, но и со својата демографија, со право претставува репер и највидлив показател за расположението на граѓаните за актуелните состојби во земјата.

Сериозни резултати се невозможни без партиска поддршка

Првиот изборен круг заврши, резултатите се познати за јавноста, претстои втор изборен круг за градоначалник во кој влегоа кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска и кандидатот на СДСМ, актуелниот градоначалник Шилегов.

Во второто полувреме, Арсовска влегува со предност од неколку илјади гласови пред Шилегов, но и охрабрена од успехот во првиот круг, веројатно очекувајќи гласачите по инерција да го засилат тој успех и во вториот, што обично се случува во вакви ситуации на изборите.

Кај нас е речиси невозможно да се имаат сериозни резултати во изборната битка без партиска поддршка. Но, исто така е неспорно дека освен партиската поддршка, друг одлучувачки фактор е и квалитетот на предложениот кандидат, а најмногу способноста да придобие гласови од партиски неопределените.

Па, да видиме, колку од потенцијалот на Шилегов и Арсовска, а и на другите кандидати што трчаа за градоначалник на Скопје поддржани од партиски и други коалиции, се должи на гласовите од членови и симпатизери на партиите и иницијативите и оние што гласаа за советничките листи, а колку тие самите успеале да привлечат гласови надвор од партиската кампања, поддржувачи и гласачи на тие опции.

Арсовска води, Шилегов мобилизира многу повеќе гласови надвор од партиската поддршка

Ако се направи оваа споредба, најголем скор има кандидатот на СДСМ и коалицијата Петре Шилегов. Листата на СДСМ за Советот на Скопје освои 53.204 гласови, додека Шилегов 78.783, односно над 25 илјади гласови повеќе. Добар дел од тие гласови веројатно и можно е да се должи на поддршката од коалициските партнери што немаа кандидат за градоначалник, како ДУИ која добила 26.351 гласови, а и ДПА со 679 гласови  и БЕСА со 2.303 гласови,  но и тоа е показател дека кандидатот сепак бил прифатлив и за тоа гласачко тело, а веројатно и за други гласачи од други партии или неопределени, коишто очигледно гласале за Шилегов.

Данела Арсовска, која ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, освоила 86.698 гласови, за разлика од партијата и нејзината коалиција кои освоиле 79.409 гласови за Советот на Скопје. Разликата е над 7000 гласови повеќе Арсовска, но и тука треба да се има предвид дека и Арсовска сметаше на поддршката од коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, која освои  11.448 гласови за Советот на градот. Но, очигледно, Арсовска не била толку прифатлива како Шилегов, и за гласачите на ААА-АА и покрај партиските насоки да ја поддржат, а и за други гласачи.

Како поминаа другите кандидати за градоначалник на Скопје што отпаднаа во првиот круг?

Левица со листата за советници во Град Скопје освои  20.333, а кандидатот Петар Георгиевски Камиказа донел едвај 300 гласа повеќе, односна 20.609 гласачи му ја дадоа довербата во првиот круг.

Слично, но малку подобро стои независната кандидатка Ана Петровска, споредено со листата на коалицијата што ја предложи. Листата за Советот на „Зелен хуман град“ предводена од Драгана Велковска, освоила 9.223 гласови, додека пак кандидатката за градоначалничка, Ана Петровска успеа да освои 9.954 гласови, или над 700 гласови повеќе.

Најлошо споредено со партиската листа помина кандидатот за градоначалник предложен од ДОМ и ЛДП, Арбен Шаќири. Коалицијата „Одлучно за промени“ на ЛДП/ДОМ со кандидатската листа за Советот на Скопје освоила 9.287 гласови, а нејзиниот кандидат Арбен Шаќири Бени освоил 8.911 гласови, што претставува 370-тина гласа помалку од коалицијата што го предложила.

Кај помалите партии, кандидатите главно успеале да мобилизираат повеќе гласови, но далеку од доволно за да се сметаат за некаква позначајна додадена вредност за партиите што ги предложиле. Твоја партија освои 1.535, а нејзиниот кандидат Александар Тортевски 2.669, односно 1100 гласови повеќе. Листата на РМ освоила 971 глас, а нејзиниот кандидат за градоначалник Владимир Трајковски  1.739 гласа, околу 750 гласови повеќе. БДС освоиле 1.123 гласови, а кандидатот Мунир Колашинац над 500 гласови повеќе односно 1.681.

Од оние под и околу 100 гласа, Интегра освоиле 929, а нивниот кандидат, д-р Тодор Ношпал 1.332, односно 400-тини гласови повеќе.  Славе Несторовски освоил 613 гласа, 100 повеќе од неговата со ТМРО 514 гласа. Листата на Демократи освои 397 гласа, а нивниот кандидат за градоначалник Љубомир Јосифовски 439, или околу 40-тина гласови повеќе.

 

Преземено од Цивил медиа. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Герасимовски: Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел - нашата општина да продолжи напред

НАЈНОВО

Директори на вселенски камп на НАСА и експерт за дигитално образование при ЕК ќе говорат на седмата „ЕдуКонференција“ во Струга

September 27, 2025
Фото: МИА

Добитник на Златна „Камера 300“ е францускиот кинематографер Давид Шамбиј

September 27, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

Слот потврди – Ливерпул во целост ќе го исплати договорот на семејството на Диого Жота

September 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Резолуцијата на СДСМ – шанса за деполаризација или нова алатка за дневна политика?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Драматичен протест во ОН: Делегати ја напуштија салата за време на говорот на Нетанјаху

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Астронаутите на „Артемис 2“ го именуваа „Integrity“ – вселенското летало што ќе ги лета околу Месечината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три кандидати за градоначалник и девет листи за Совет во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk