ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Брзо ги заборавивме малтретирањата на режимот, расте поддршката за Шилегов

October 21, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, владеачкото мнозинство останува стабилно, расте поддршката за Шилегов во втор круг. Ќе се снима ли игран филм за Тоше Проески? 

ФРОНТ, РЕНДГЕН, ГОВОР НА ОМРАЗА

Фатете го прасето, за десет дена иде Божик! Со оглед на сериозноста на ваквата ситуација, вчера итно го закажавме извршниот комитет на локалните дебармаалски алкохолисти за да ги разгледаме резултатите од првиот круг локални избори и да донесеме мерки и активности за сузбивање на негативните гласачки појави. Па, кафеаната е нашата аналитичка судбина, ако се цени по бројот на луѓе кои го одгледале документарецот за Тома Здравковиќ, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна.

Кардула: Брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно брзо се заборавија заканите, малтретирањата кои беа секојдневие кон сите кои не беа со нив за време на нивното владеење. Не успеаа да еволуираат ни педа за овое години!

Принцот Салман

Zapiro (Jonathan Shapiro)

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021

По најавата на Мицкоски за ново парламентарно мнозинство, партиите од владејачката коалиција порачаа дека остануваат во Владата. Заев вчера на прес-конференција упати благодарност до партнерите од владината коалиција кои во текот на целиот ден јасно порачаа дека остануваат „заедно на демократскиот и европскиот пат“ и ги потврдија своите заложби „државата да продолжи да се движи напред“.

Окрупнува поддршката за Петре Шилегов во вториот круг. Во овие четири години видовме дека приоритет на градот можат да бидат и реоните каде живеат Албанци, видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот, видовме што значи да се гради мултикултурен град, со почит и кон јазичното шаренило, почит кон образованието на мајчин јазик, воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје“, изјави Бујар Османи.

Се боревме против селективноста, а сега Димитриевски сака селективност за себе, вели Оливер Илиевски од СДСМ. Нема инцидент, туку рутинска контрола за затемнети стакла, за што возачот на Димитриевски платил казна, со што се потврдува дека СВР Куманово биле во право“ кажа Илиевски на ТВ 24.

Илиевски: Сакам да го изградам Куманово, да не зборуваме веќе за канализација, водовод и улици, туку за развој. Илиевски вети дека во Куманово ќе бидат посадени 50 илјади дрвја за четири години, како и уредување на сите месни јавни површини и изградба на детско катче, мултифункционално игралиште и посебно место за возрасните и пензионерите во секоја населба.

ПОЛИТИКА

Извештајот на ЕК одново потврди дека Северна Македонија го испорача ветеното, ветото од Бугарија сè уште пречка за старт на преговорите.

Умерена подготвеност во оданочувањето, треба да се подобри капацитетот на даночната администрација. Во извештајот, меѓу останатото, се посочува дека со измени на Законот за Данок на додадена вредност (ДДВ) се воведе повластена даночна стапка од 5 проценти за занаетчиски дејности и повластена стапка од 10  проценти за ресторани и угостителски услуги (без алкохолни пијалоци). Воведените  одредби за ослободување од данок за донации поврзани со Ковид-19 и ќе останат во сила до крајот на  годинава.

Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања на 15. состанок. На претходниот 14. состанок што се одржа на 10 и 11 јуни, од македонскиот тим во Комисија оцени дека ги имале најтешките разговори досега. На првиот ден тема на дискусија беа учебниците по историја и усогласување на препораките за нивно подобрување при што двете страни размениле предлог идеи како да се дојде до решение кое би помогнало во носење на препораки како да се подобри историското образование.

Да се зајакне независноста и капацитетот на регулаторите за медиуми и за електронски комуникации, препорачува ЕК. Северна Македонија, стои во оценката од Извештајот, е умерено подготвена во областа информатичко општество и медиуми. Постигнат е ограничен напредок  по усвоените измени на Законот за електронски комуникации, а електронските услуги за граѓаните и деловните субјекти се зголемија.

МЗ: Вкупно се аплицирани 1.569.243 дози вакцини, а ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата.

СЦЕНА

(ВИДЕО) Ќе се снима ли игран филм за Тоше Проески? Србија, Бугарија, имаат голем пазар и се вложуваат сериозни пари во снимање.

Тие дури веќе немаат ни доволно луѓе, па голем број професионалци од Македонија работат во Србија каде има триесетина продуцентски куќи. Најмалку два милиона евра се потребни за да се сними добар филм за Тоше Проески. Нема да може да се реализира само како македонски проект, туку како копродукција, вели Илиев за „Утрински брифинг“.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk