ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Умерена подготвеност во оданочувањето, треба да се подобри капацитетот на даночната администрација

October 21, 2021 09:56
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во областа на оданочувањето државава е умерено подготвена, оценува Европската комисија (ЕК)  во последниот Извештај за напредокот во евроинтеграците. Постигнат е, стои во Извештајот, одреден напредок во намалувањето на административниот товар за даночните обврзници и преку надградба на услугите за е-даноци.

Бидејќи не беа спроведени сите препораки од Извештајот за 2020 година, во наредната година, наведува ЕК, земјата особено треба дополнително да го подобри капацитетот на даночната администрација со ефикасно спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 што беше усвоена во декември лани.

Се препорачува да се развие нов интегриран даночен ИТ систем на Управата за јавни приходи за подобрување на управувањето со ризиците за усогласеност и дополнително проширување на е-услугите за даночните обврзници. Исто така, да се почне со подготовка за воспоставување механизам за ефективна имплементација на автоматска размена на даночни информации со земјите-членки на ЕУ во согласноност со Глобалниот стандард на ОЕЦД.

Во извештајот, меѓу останатото, се посочува дека со измени на Законот за Данок на додадена вредност (ДДВ) се воведе повластена даночна стапка од 5 проценти за занаетчиски дејности и повластена стапка од 10  проценти за ресторани и угостителски услуги (без алкохолни пијалоци). Воведените  одредби за ослободување од данок за донации поврзани со Ковид-19 и ќе останат во сила до крајот на  годинава.

Се наведува и дека останува одложувањето во процесот на враќање на ДДВ, бидејќи само 38 проценти од побарувањата се враќаат во законскиот рок, но оти сега се поретки долгите одложувања.

– Во однос на оперативниот капацитет, компјутеризацијата и неформалната економија, Управата за јавни приходи се уште треба да ги подобри деловните процеси, да имплементира нов интегриран даночен систем за ИТ, да развие управување со ризиците за усогласеност како основна функција и дополнително да ги прошири е-услугите, стои во Извештајот.

Во него се посочува и дека за административна соработка и заемна помош, Северна Македонија потпиша 50 договори за двојно оданочување, вклучително и со сите земји-членки на ЕУ, освен Португалија, Грција, Кипар и Малта. Земјата се уште не се обврзала со стандардот на ОЕЦД за автоматска размена на информации за финансиска сметка, така што не е одреден датум за почеток на тоа./МИА/.

Next Post

Илиевски од СДСМ: Се боревме против селективноста, а сега Димитриевски сака селективност за себе

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk