Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека во Скопје, во 2017 година но и наназад, во вториот круг победуваат тие кои се мултиетнички организирани.
„Ние сме мултиетнички, дури и опозициските албански партии се мултиетнички организирани и тие не веруваат во национализмот на ВМРО-ДПМНЕ. Не можам да верувам дека некој може по природна спојка, со националистичка реторика која сега во кампањата ја немаше, но тоа се истите луѓе од пред 6 месеци и 7 месеци. Скопје гласа за прогресивност“, порача Заев.