ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

(ВИДЕО) Каква беше атмосферата на вечерашниот собир на СДСМ, што беше порачано и ветено пред неколку илјади присутни скопјани

October 23, 2021 23:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Скопје, во полната спортска сала „Борис Трајковски”, се одржа голем собир на СДСМ со граѓаните на Скопје.

На собирот се почитуваа и препораките за заштита од Ковид-19, односно дозволената бројка од 3.000 присутни беше исполнета, а притоа сите носеа маски.

Од говорницата се обратија: атлетичарката Дрита Ислами, музичарот Мирко Попов, актерот Дениз Абдула, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, и претседателот на СДСМ Зоран Заев.

„Петре Шилегов е можеби првиот кој навистина се занимава со градските прашања и ги решава градските проблеми, обичните проблеми на обичните граѓани. Тој е прв кој почна да ги поправа и да гради поголеми улици од другата страна на Вардар, што е многу важно за мене, бидејќи Скопје е и од двете страни на Вардар, и од двете страни треба да биде убав, добар и функционален град за граѓаните“ – рече, меѓу другото во својот говор, продуцентот и музичар Мирко Попов.

Атлетичарката Дрита Ислами, порача да продолжиме да го градиме и развиваме Скопје, за Скопје да продолжи да биде еднаков град за сите жители.

„Сарај и Скопје се мојот дом и драго ми е што тој дом постојано се развива и разубавува во последните четири години благодарение на градоначалникот Петре Шилегов“ кажа атлетичарката Дрита Ислами.

Таа ги повика сите сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите останати на 31 октомври да го поддржат градоначалникот Шилегов за Скопје да продолжи да се развива во следните четири години.

„Јас сум горд скопјанец и чаирчанец и можам да потврдам дека во моето маало, Чаир, се случи најголемата промена во изминатите четири години“, истакна актерот Денис Абдула од обединувачкиот собир на СДСМ.

Тој рече дека претходно сведочел на конфликти во автобусите, на сообраќаен хаос на улицата „Цветан Димов“, како и на запустени простори и паркови.

Градоначалникот на Скопје, и кандидат за нов мандат Петре Шилегов истакна дека Скопје е град на скопјани, наш заеднички дом, град кој се грижи за сите, без оглед на која страна на Вардар живеете.

„Јас верувам само обединето и сплотено Скопје може да биде убаво место за живеење, каде секој ќе може да каже ова е мојот град, во кој младите ќе имаат иднина, а старите сигурност. Иднината на овој град е во ваши раце, да гласаме за Скопје“, рече Петре Шилегов.

Тој дополни дека ова се избори за Скопје да продолжи напред, а не да се препушти на истите кои му ја зедоа душата.

„Оваа сала вечерва ја покажува вистинската сила на граѓаните, а вашата сила и посветена работа ја влече метрополата напред, не е сеедено каков град ќе биде нашето Скопје за кое работиме со многу љубов, со срце. Ова не е вмровски или сдсмовски град, Скопје е град на скопјани, наш заеднички дом, град кој се грижи за сите, без оглед на која страна на Вардар живеете“, потенцира Шилегов.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, истакна дека Можно е, остварливо е, неопходно е обединување!

„Барам поддршка од сите граѓани за нашата заедничка прогресивна иднина. За Скопје европски град, Скопје кое сплотува и работи за вас. За Северна Македонија европска држава, достојна членка на НАТО, меѓу демократските земји која испорачува мир, а сите ние европски граѓани. Можно е, остварливо е, неопходно е обединување“ порача премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир на партијата во Скопје.

Тој ги повика сите на одважност и издигнување над себе и личните очекување и побара кочниците кои сите ќе не вратат назад, да ги претвориме во силата која ќе повлече напред, бидејќи должност ни е да одиме напред.

„Со еден чекор сме горе, на планината и ќе поставиме уште едно победничко знаме на слободата, напредокот и интеграциите. Но со другиот сме „низбрдо“, назад во 2016, а кој знае можеби и во 2001, во ризици, неизвесност криза и изолација“ – кажа Заев.

Заев истакна дека слободоумните граѓани на Скопје знаат да одржат лекција, но знаат и кога им се потребни на својот град и држава. Ги знаат и своите одговорности. Затоа прогресивното граѓанство на 31 октомври ќе гласа за прогрес, бидејќи тоа е неговата и нашата лична идеологија“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанскиот собир на неговата партија во Скопје.

Додаде дека не треба да ги убедува прогресивните и слободоумни граѓани во разликите помеѓу СДСМ и режимското владеење на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи оваа Влада не ги дели луѓето на наши и други, не го подрива соживотот, туку верува и го остварува концептот Едно општество за сите, во кое сите имаат исти права, но и подлежат на исти обврски пред законите и државата.

Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

May 11, 2025

Мицкоски изрази жалење што родителите на загинатите не прифатиле средба во Владата, сега бил подговен да оди и во Кочани

May 11, 2025

Ердоган: Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мора да ставиме крај на расипничкото и недомаќинско работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk