– Граѓанските независни сили, либерал-демократите и зелените веруваат во истите вредности како и ние. Ја имаме нивната поддршка и сме благодарни за тоа, вели во видео објавата на Фејсбук, лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Во името на иднината, ги повикувам сите граѓани во Битола, да бидат одговорни и да дадат поддршка на единството, на обединувањето, на прогресот, да дадат поддршка на најдоброто за Битола.
Народе мој, носете одлука за напред, немојте да се враќате назад!“, повикува Заев.