Малку недостига со непресметливи луѓе, како што е раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ни отиде земјата во провалија, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на голем собир со граѓаните на Скопје во спортската сала Борис Трајковски.
Тој додаде и дека владејачкото мнозинство е стабилно и ќе се зголемува.
-И уште нешто – најавувам вечерва – давам јасна насока и директива, во сите општински организации, кај сите наши градоначалници, сите министри и директори – GAME CHANGE – излегоа проблемите на виделина – фрчат пораки со проблемите на луѓето – тргнуваме со нов систем каде секој граѓанин ќе добие одговор – прво дека пријавата или поплаката или барањето се примени, а веднаш потоа и упатување од секоја институција како ќе се решава проблемот. Систем другари. Правила и процедури. Секој штој пријавил проблем добива одговор, фидбек. Ама секој! Без разлика кој е. Систем услуги кој оди рамо-до-рамо со дигитализацијата. А ако некој не добие соодветна услуга, ќе светне црвено на компјутерот и одма се знае кој затаил, кој не работи како што треба, кажа Заев.